Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Првата година од животот на предвреме родено бебенце

ВИДЕО: Првата година од животот на предвреме родено бебенце

Понекогаш борбата за живот започнува прерано...

Лилијан Мичел се роди предвреме, но успеа да се избори за живот и неодамна го прослави својот прв роденден. Малото девојче дошло на овој свет шест недели порано и поради тоа првиот месец од својот живот го поминало во болница на одделение за интензивна нега.

Не знаејќи дали ќе преживее и каква ќе биде нејзината иднина, таткото на Лилијан направи видео кое ја следи првата година од нејзиниот живот.

„Нашата ќерка за роди предвреме, пристигнувајќи на овој свет месец и половина порано. Во тоа време, не знаевме што нè чека во иднина. Живеевме ден за ден, овековечувајќи ги и ценејќи ги тие моменти. Денес е првиот роденден на мојата ќерка. Го снимив нејзиното патување низ животот, секој ден во изминатите 365 дена, за да ги споделам со вас насмевките, солзите и авантурите“ – пишува во описот на видеото на YouTube.

„Мислев дека ќе биде убаво да имаме многу квалитетни фотографии од нејзиното детство. Немав претстава дека ќе ги користиме за ова“ – вели Бред. Тој секојдневно снимал по неколку кратки видеа, а потоа го издвојувал моментот кој сметал дека точно го опишува тој ден.

Видеозаписот насловен „365 дена во 365 секунди“ започнува во породилната сала во болница во Торонто, а завршува со прославата на првиот роденден на Лилијан.

Лилијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.