Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Празнично изненадување за сиромашните лица во Доминикана

ВИДЕО: Празнично изненадување за сиромашните лица во Доминикана

WestJet трета година по ред приреди божиќно чудо и усреќи многу лица. Доминиканската Република беше дестинацијата на која тимот на канадската авионска компанија ширеше божиќна магија.

Сиромашните жители на Нуево Ренасер добија можност да ги споделат своите најголеми божиќни желби со син Дедо Мраз. Некои побарале машина за перење, други креветче за бебе, помладите посакале кукла или скирол, а еден повозрасен маж побарал коњ. Вработените во WestJet веднаш тргнале да ги исполнуваат нивните желби.

Следниот ден сите жители биле поканети на забава на плажа, каде им биле дадени подароците за кои мечтаеле.

Погледнете го емотивното видео „Spirit of Giving“ кое несомнено ќе ви го згрее срцето и ќе ве убеди дека „е подобро да даваш, отколку да добиваш“.

Ова не е првпат WestJet да шири радост меѓу жителите на Нуево Ренасер. Компанијата има изградено и доделено 23 живеалишта на оние на кои им бил најпотребен дом и им помагаше на жителите при создавањето на кошаркарско игралиште.

Лани, видеото во кое канадската авионска компанија предновогодишно им ги исполни желбите на 250 свои клиенти, достигна неверојатна популарност со над 36 милиони прегледувања на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.