Авионската компанија WestJet израдува група патници, влегувајќи во улогата на Дедо Мраз.
Пред да се качат во авионот, Дедо Мраз ги прашал патниците „Што би сакале за Божиќ?“. Некои посакале огромен телевизор, други биле поскромни и побарале само чорапи. Додека патниците спокојно патувале, вработените во компанијата тргнале на шопинг за да исполнат десетици желби.
Погледнете ги реакциите на патниците, кога наместо багаж, ќе видат подароци на кои се испишани нивните имиња.