Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Забавен предлог за брак кој заслужува само „ДА“

ВИДЕО: Забавен предлог за брак кој заслужува само „ДА“

Лијам Купер сними цел музички спот за да ја побара својата сакана за жена. 23-годишниот Австралиец со месеци го снимал видеото кое ѝ го покажал на својата девојка Ејми во кино-сала.

Видеото е преработка на видеозаписот за големиот хит „Rude“ на Magic!, а во него главна улога има и таткото на идната невеста.

За да ја реализира замислата, креативниот дечко морал да одглуми дека заминува на бизнис патување, да позајми Порше од пријател и да ги замоли пријателките на Ејми да ја носат на кафе додека тој снимал во нејзиниот дом. Резултатот е забавен предлог за брак на кој тешко некој би кажал „не“.

На крајот од видеото се појавуваат и членовите на групата Magic! и му честитаат на среќниот пар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.