Оваа година во Париз се одржа 30-годишнината од интернационалниот настан познат како „Diner en Blanc“ или „Вечера во бело“.
Почитувајќи го дрес кодот, 17.000 парижани и туристи облечени во бело од глава до пети уживаа во пикник пред Домот на инвалидите во француската метропола.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од овој настан, си носат храна, пијалак, маси и столови, како и задолжителни бели чаршафи.
















Традиционално, локацијата на која се одржува „вечерата во бело“ останува тајна до неколку минути пред почетокот, кога преку пораки заинтересираните лица се информирани за точното место.
































Оваа традиција започнала во 1988 година во Париз, а оттогаш се одржува и во други градови низ светот, како Милано, Барселона, Ванкувер и Сингапур.