Почетна » Новости » Занимливости » Бројни посетители уживаат во слатките вкусови на „Чоколенд“ во Веро центар

Бројни посетители уживаат во слатките вкусови на „Чоколенд“ во Веро центар

Родители со деца, мајки со бебиња во колички, баби и дедовци со внучињата за рака, тинејџери, но и повозрасни граѓани – љубители на чоколадо, вчера беа дел од посетителите на отворањето на манифестацијата „Чоколенд“ која се одржува во Веро центар до 30 декември.

На првиот ден од „Чоколенд“, посетителите ги разгледуваа штандовите полни со чоколади, чоколадни бонбони, пралини и многу други слатки производи од реномирани производители и ги купуваа по промотивни цени. Дома заминуваа со полни кеси слатки задоволства за новогодишните празници.

Чоколенд во Веро центар

Традиционалната манифестација Веро ја организира повеќе години наназад, а во нејзините рамки се зложени најпознатите брендови на чоколади и слатки. До 30 декември планирано е да се организираат и различни промоции на нови вкусови, како и на нови, квалитетни производи. Посетителите на манифестацијата можат да уживаат во вкусовите на брендовите „сникерс“, „марс“, „милки веј“, „баунти“, „свислион“, „киндер“, „кандит“, „бахлсен“, „кавис“, на слатките производи на „Пастел“ и на многу други производители.

„Досегашното искуство ни покажа дека во Македонија има многу љубители на чоколадото кои со задоволство купуваат чоколадни производи и уживаат во нивниот вкус. Тука не спаѓаат само децата, туку и возрасните. Токму поради бројните љубители на чоколадото, „Чоколенд“ стана традиционална манифестација на којашто се радуваат граѓаните, но и сите ние во компанијата, особено затоа што се организира во најубавиот претпразничен период. Навистина е големо задоволство кога на едно место можете да ги најдете најреномираните брендови чоколади и да ги купите по промотивни цени“ – велат од менаџментот на Веро.

Чоколенд во Веро центар Чоколенд во Веро центар

За сите посетители на „Чоколенд“ и фановите на фејсбук-страницата Веро организира слатко задоволство. Секој посетител на манифестацијата што ќе купи од изложените производи ќе извлече една од напишаните чоколадни пораки и да се фотографира со неа во поза која што според него е најинтересна. Фотографијата со чоколадната порака треба да ја постира на фејсбук-страницата на Веро маркети со хаштаг #verochocoland.Стручно жири од претставници на компанијата ќе ја избере „најслатката“ фотографија, а нејзиниот автор ќе добие кутија полна со чоколади.

„Предновогодишниот период е време на дарување и на споделување позитивни пораки. Затоа и дарувањето на вистинските љубители на чоколадо е можност тие да уживаат во нивните омилени слатки вкусови“ – велат од менаџментот на Веро.

Чоколенд во Веро центар

За најмладите посетители на „Чоколенд“, освен уживањето во најквалитетните чоколадни вкусови, обезбедена е и дополнителна забава. На чоколадното игралиште децата може да се натпреваруваат во популарната игра „школка“. Сите настани на Чоколенд ќе бидат дел од богатата предновогодишна атмосфера во Веро центар и многубројните празнични случувања наменети за посетителите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.