Почетна » Новости » Занимливости » Брилијантна реклама со скриена приказна која ќе ве сепне

Брилијантна реклама со скриена приказна која ќе ве сепне

Реклама со неочекуван крај навидум е за средношколска љубов, но крие приказна која ќе ве наежи.

Видео

Видеото го следи средношколецот Еван, кој си разменува пораки на клупа во училишната библиотека со непозната девојка. Пред почетокот на распустот, Еван случајно ја запознава девојката со која флертуваше. Додека тие разговараат, во салата влегува вооружено момче, подготвено за напад.

„Додека вие го гледавте Еван, друг ученик покажуваше знаци дека планира пукање. Но, никој не забележа“ – се вели во видеото. Потоа, видеото се фокусира на напаѓачот кој чита списанија за оружје, гледа видеа за стрелање, позира со пиштол на социјалните мрежи и е малтретиран од врсници.

Рекламата е на „Sandy Hook Promise“, непрофитна организација предводена од роднини на жртвите во грозоморниот напад на основното училиште „Сенди Хук“ пред 4 години. Тогаш, дваесетгодишниот Адам Ланза немилосрдно одзеде 26 животи, откако претходно го прекина животот и на својата мајка. За да биде трагедијата уште поголема, 20 од жртвите беа деца на возраст од 6 и 7 години.

Пораката на рекламата е луѓето да ги научат знаците кои укажуваат дека некој планира трагедија.

Од организацијата велат дека 80% од напаѓачите на училишта и 70% од лицата кои планираат самоубиство кажуваат некому за своите планови, но многу често никој не се вмешува.

Вооружените напади на училишта се голем проблем во САД и се случуваат пречесто. Тоа е една од причините што многумина бараат промена на законите за поседување на оружје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11551 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.