Македон Димитровски постојани нижи успеси и одушевува со својот талент и посветеноста.
10-годишното момче освои уште еден златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ и следно ќе се натпреварува со најдобрите математичари од целиот свет на супер финале во Бугарија.

За новиот успех на Македон се расчу благодарение на Струмица Денес:
Чудото од дете Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари од светот!
Македон повторно ја израдува нацијата. Чудото од дете и вистински математички гениј освои нов златен медал на престижниот меѓународен натпревар „Математика без граници“, уште еднаш потврдувајќи го својот талент и посветеност.
По овој голем успех, Македон се подготвува за супер финалето во Несебар, Бугарија, каде гордо ќе ги брани боите на Македонија меѓу најдобрите млади математичари од целиот свет.
Неговата истрајност, знаење и љубов кон математиката се инспирација за сите, а ова признание е само уште еден доказ дека иднината е светла кога младите добиваат вистинска поддршка и мотивирачка средина.

