Почетна » Новости » Занимливости » Блогерката Кијара Ферањи собра 3,5 милиони евра за помош на болница засегната од коронавирус

Блогерката Кијара Ферањи собра 3,5 милиони евра за помош на болница засегната од коронавирус

Кијара Ферањи и нејзиниот сопруг Федез за само 24 часа собраа 3 милиони евра за да ѝ помогнат на италијанска болница да се справи со коронавирусот.

Кијара Ферањи и Федез

32-годишната блогерка, која ја следат повеќе од 18,5 милиони лица на Instagram, пред два дена ја започна кампањата за собирање средства за Болницата „Сан Рафаел“ во Милано. Целта на семејството Фернандез е да собере 4 милиони евра за Одделот за интензивна нега, кој има потреба да го утрои бројот на кревети. Тие самите донирале 100.000 евра.

„Собравме повеќе од 3 милиони евра за 24 часа, кои доаѓаат од 165.000 донации од повеќе од 92 земји. Најголемата кампања која некогаш била направена во Европа. Вчера беа започнати многу други кампањи за помош на други италијански болници. Дали сега верувате кога ќе ви речам ‘моќта на споделувањето’? Ви благодариме, продолжете да донирате“ – напиша вчера таа.

„Ова е моќта на социјалните мрежи искористена на правилен начин. Се гордеам со вас“ – напиша претходно.

Кијара Ферањи и Федез

Досега се собрани повеќе од 3,6 милиони евра.

Италија е најзасегнатата земја од коронавирусот во Европа. Бројот на заразени лица нагло расте и болниците имаат потреба да ги зголемуваат своите капацитети за да се справат со епидемијата.

Според најновите податоци, вкупно 10.149 лица во Италија се заразени од коронавирус, а 631 лице починало како последица на компликации од него.

Во нашата држава, бројот на заболени е 7 лица, а се чекаат резултатите на уште 12 пациенти.

Кијара Ферањи и Федез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.