Почетна » Новости » Занимливости » „Благословени сме“: 31-годишна жена роди четири деца за помалку од една година

„Благословени сме“: 31-годишна жена роди четири деца за помалку од една година

Жена, која поминала две бремености за време на карантините, роди четири деца за помалку од една година.

Џесика Причард од Британија донесе на свет тројка во април годинава, а во мај минатата година ја роди ќеркичката Миа. 31-годишната Британка е мајка и на 8-годишната Моли.

Џесика Причард Џесика Причард

„Последните 12 месеци беа како виор, добивме бебе во карантин, а потоа уште три. Времето за оброк е многу забавно, бидејќи сите имаат потреба од хранење во истото време. Само треба добра организација, а јас сум организирана личност“ – рекла таа.

Џесика сè уште била на породилно отсуство за Миа кога дознала дека е повторно бремена. Поради рестрикциите, таа морала сама да оди на преглед кога ѝ ја соопштиле веста дека носи не едно, туку три бебиња.

Џесика Причард Џесика Причард

„Малку нè шокираше, но секоја бременост е благослов, па ние се сметаме за благословени личности“ – додала Џесика.

Трите бебиња се родиле во 31. недела и поминаа седум недели во болница. Сега, тие се дома со нивните две поголеми сестрички.

Џесика Причард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.