Почетна » Новости » Занимливости » „Биди првата, најмладата, најдобрата“: Моќно видео за родовата еднаквост на Денот на жената

„Биди првата, најмладата, најдобрата“: Моќно видео за родовата еднаквост на Денот на жената

Денес се одбележува Меѓународниот ден на жената на тема „Јас сум Генерација Еднаквост: Остварување на женските права за еднаква иднина!“.

Иако во современите општества има мал напредок, факт е дека ниту една земја во светот нема постигнато родова еднаквост. Генералниот заклучокот е дека жените и девојчињата се потценувани и мета на различни форми на насилство; работат повеќе, а заработуваат помалку и имаат помалку можности.

UN Women објави моќно видео со кое повикува ние да бидеме Генерацијата Еднаквост, која ќе се избори за подобра иднина.

„Изодивме долг пат, но борбата не е завршена и нашите права сè уште се на удар. Време е да преземеме акција. Нека ние бидеме повикот за будење којшто му е потребен на светот. Биди првата, најмладата, најдобрата. А потоа, погрижи се никој да не заостане назад. Кога некој ќе се обиде да те замолчи, крени го гласот.“

„Промени сè или промени само едно нешто. Без разлика дали си нов во менувањето на светот или долго време си дел од борбата, сите сме заедно, обединети за родова еднаквост. И иднината која ја креираме за жените и девојчињата зависи од сите нас.“

Родова еднаквост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.