Почетна » Новости » Занимливости » Бесплатно потстрижува бездомници за да им го врати достоинството и желбата за нов почеток

Бесплатно потстрижува бездомници за да им го врати достоинството и желбата за нов почеток

Бербер, кој некогаш бил зависник од дрога и алкохол, им го враќа достоинството на бездомните лица на улиците на Мелбурн, подарувајќи им нови фризури. Инспиративниот Австралиец го користи единствениот слободен ден во неделата за да им помага на оние на кои тоа им е најпотребно, без да бара нешто за возврат.

Насер Собани

26-годишниот Насер Собани, кој работи во фризерски салон 6 дена неделно, пред две години ја започнал својата иницијатива „Clean Cut, Clean Start“ за да му се оддолжи на општеството што добил шанса за нов почеток. „Се сеќавам на деновите кога се мразев себеси и не можев ни да се погледнам во огледалото без да се расплачам, бидејќи ми се гадеше од она што бев, а тоа чувство го имаат многу од моите клиенти. Тие се срамат од она што се“ – вели Насер во својот документарец.

Секој слободен ден, Собани се качува на својот скирол за да го пронајде својот следен клиент, кој има потреба од помош за повторно да застане на нозе. Раскажувајќи им ја својата животна приказна на бездомните лица, тој сака да ги инспирира да си го променат животот и да им влее надеж дека секој добива втора шанса.

Насер Собани Насер Собани

„Бездомните лица не го добиваат потребното внимание и почит. Мојата основна цел е да им покажам дека се доволно вредни за човечка интеракција“ – рекол Собани.

Насер Собани Насер Собани Насер Собани Насер Собани Насер Собани Насер Собани Насер Собани Насер Собани

Документарецот „The Streets Barber“ за животот на Насер Собани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.