Почетна » Новости » Занимливости » Без изговори: Фит мајка трча со три деца во колички и е вистинска мотивација

Без изговори: Фит мајка трча со три деца во колички и е вистинска мотивација

Даниела Хартман ги мотивира своите следбеници да водат активен и здрав живот.

Инспиративната мајка се раководи од принципот дека децата и обврските не треба да бидат изговор за избегнувањето на физичка активност.

Хартман трча километри заедно со своите дечиња во колички. До неодамна, таа трчаше туркајќи ги со количка своите две деца, но на најновите видеа и фотографии на Instagram ја има и нејзината внука. Неа Даниела ја влече во количка зад себе.

Даниела трчала и за време на двете бремености. „Трчањето во блажена состојба не е најлесно, но со сигурност е остварливо“ – вели таа.

Даниела продолжува да трча маратони и вели дека е пофит отсекогаш. Таа споделува и фотографии на кои прикажува како нејзиното тело изгледало пред, за време и по бременостите.

Даниела активно тренира заедно со својот сопруг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.