Почетна » Новости » Занимливости » Балерина покажува зошто не треба премногу да ја стегате косата кога ја фаќате во опавче или пунџа

Балерина покажува зошто не треба премногу да ја стегате косата кога ја фаќате во опавче или пунџа

Секојдневното стилизирање на косата во стегнати фризури може да има негативни последици, а за тоа чист пример е Дива Холандс. Поранешната балерина, која започна да оќелавува поради тоа што постојано ја носела косата фатена во пунџа, преку фотографии предупредува за тракционата алопеција.

Дива Холандс Дива Холандс

Холандс започнала да танцува балет кога имала само 3 години. Како и сите други балерини, и Дива ја собирала својата коса во стегнати пунџички и плетенки за да не ѝ пречи.

Постојаното влечење на влакното, довело до опаѓање на косата во предните делови и уште од мали нозе Дива била исмејувана од своите соученици. „Бев исмејувана на училиште поради оќелавените делови од косата, но стана многу сериозно кога имав 13 години. Оттогаш, правев сè што можев за да ја сокријам таа област“ – изјавила Холандс и додала дека соучениците ѝ велеле дека има чело со големина на фудбалско игралиште.

Дива кога била малечка Дива кога била малечка

Губењето на косата ја натерало Холандс на 18-годишна возраст да се откаже од својот сон да стане успешна балерина.

Кога го запознала својот сегашен свршеник Дејвид, Дива не дозволувала тој да ја види со фатена коса. „Кога го запознав Дејвид шест месеци не дозволував да ме види со косата фатена наназад. За мене, тоа е нешто многу лично“ – признала таа.

Дива и Дејвид се родители на 2-годишно момче и 6-месечно девојче. За жал, бременоста предизвикала уште подрастично опаѓање на косата на Холандс, а со тоа и нејзината самодоверба се намалила. Тоа бил клучниот момент кога Дива решила да си направи трансплантација на коса.

Нејзе ѝ биле отстранети делови од задниот дел од косата на главата и пресадени на предните делови над челото.

Дива Холандс  Пред и по пресадувањето на коса Пред и по пресадувањето на коса Дива Холандс

„Комплетно ми го промени животот. Имаше огромно влијание. Не можев да бидам посреќна со тоа како изгледа“ – вели Дива за оперативниот зафат.

 Дива Дива откако ѝ порасна косата по пресадувањето

22-годишна мајка ја споделува својата приказна за да им помогне на други жени кои се соочуваат со истиот проблем и да им покаже дека нема од што да се срамат. „Навистина сметам дека опаѓањето на косата кај жените е табу тема. Поради тоа ја споделувам мојата приказна. Можеби има жени кои се наоѓаат во истата ситуација. Тоа може да му се случи секому и не треба да се чувствува засрамен за тоа“ – вели Холандс.

Дива Холандс Дива Холандс Дива Холандс Дива Холандс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.