Почетна » Новости » Занимливости » „Аутизмот не ги прави луѓето помалку вредни“: Мајка на две деца со аутизам со моќна порака за прифаќањето и инклузијата

„Аутизмот не ги прави луѓето помалку вредни“: Мајка на две деца со аутизам со моќна порака за прифаќањето и инклузијата

Стефани Ханран е мајка која со жестокост се бори за инклузија на децата со посебни потреби во општеството.

Како мајка на две деца со аутизам, таа испрати моќна порака на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, кој се одбележа на 2 април. Прочитајте ја:

Деца

Денес е Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, а ова се моите две деца кои имаат аутизам.

Не можам да ги докажам милионите неверојатни квалитети за моите деца. На пример дека тие никогаш не лажат или дека тие се постојано среќни. Дека се полни со љубопитност и живеат без страв.

Но, неспорно нивниот најважен квалитет е нивната неспособност да осудуваат. Поради аутизмот, тие не гледаат разлики во бојата на кожата, религијата или полот. Тие на драго срце го нудат истиот тип прифаќање кое повеќето луѓе го бараат цел живот.

Сега го молам светот да им ја возврати услугата.

Едуцирајте ги вашите деца. Едуцирајте се себеси. Споделете го лебот со оние кои изгледаат различно од вас. Поканете ги децата како моите на гости да си играат, вработете ги. Единствениот начин за некогаш да постигнеме вистинска инклузија е преку радикална емпатија.

А единствениот начин кога ќе знаеме дека сме успеале е ако еден ден мајките како мене нема да мораат да пишуваат постови како овој, бидејќи сите умови ќе бидат еднакво вреднувани.

Аутизмот не ги прави луѓето различни или помалку вредни.

Само ги прави наши најдобри учители за љубезност.

Деца Деца

Во коментарите, многумина ѝ се заблагодарија на Стефани што секој ден ги учи како да бидат подобри личности и како да живеат без предрасуди. Многумина споделија свои стории за нивните деца со аутизам.

„Имам син и ќерка со аутизам кои ги добив на растојание од една година. Беа да ја посетат мојата внука која имаше 21 година и умираше од рак. Нејзината долга руса коса веќе ја немаше, а очите ѝ беа потонати. Сите деца кои беа да ја посетат плачеа и избегаа од собата со исклучок на моите деца со аутизам кои имаа 5 и 6 години. Тие не ни забележаа, се качија на креветот и заедно со неа боеја цртежи и ја сакаа. Таа плачеше. Сега имаат 19 и 21 година и сè уште учам од нив секој ден“.

„Прекрасно. И јас имам син со аутизам и исто како и твоите малечки, нема предрасуди. Овие неверојатни личности се полни со љубов и прифаќање. Бог со сигурност ги направи совршени.“

„Точно. И јас имам две деца со аутизам и во право си дека никогаш не осудуваат и само бараат љубов и прифаќање. Најчистите срца“ – се само дел од коментарите.

Деца Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.