Почетна » Новости » Занимливости » Аплауз за мајките и татковците од целиот свет! Денес е Глобален ден на родителите

Аплауз за мајките и татковците од целиот свет! Денес е Глобален ден на родителите

Бакнете ја вашата мајка, прегрнете го вашиот татко, заблагодарете им се на вашите родители што ве израснале или дајте му комплимент на родител кој прекрасно се справува со својата улога.

Денес светот го одбележува Глобалниот ден на родителите. Ова е ден кога треба да им се оддаде почит на сите родители од сите делови од светот за нивната несебична посветеност на децата и за нивната доживотна пожртвуваност за да се зачува врската родител-дете.

Дестинации за одмор

Од 1980 година па наваму, меѓународната заедница посветува сè поголемо внимание на важната улога на семејството и на родителите. Во 2012 година, со резолуцијата A/RES/66/292, Генералното Собрание на ОН го прогласи 1 јуни за Глобален ден на родителите.

„Потенцирајќи ја клучната улога на родителите во воспитувањето на децата, Глобалниот ден на родителите испраќа порака дека и семејството има примарна одговорност во грижата и заштитата на децата. За целосен и хармоничен развој на нивниот карактер, децата треба да растат во семејно опкружување и во атмосфера на среќа, љубов и разбирање“ – стои на сајтот на ОН.

Дестинации за одмор

„Родителската љубов е единствената љубов која е навистина несебична и безусловна.“

„Никогаш не можеме да знаеме колкава е љубовта на родител додека не станеме родители ние самите.“

„Една од највредните титули на светот е да си родител и еден од најголемите благослови на светот е да имаш родители кои ќе ги нарекуваш мамо и тато.“

Дестинации за одмор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.