Почетна » Новости » Занимливости » Александар Динев и Евче изненадија девојче на чиј роденден не отишле најголем дел од другарчињата

Александар Динев и Евче изненадија девојче на чиј роденден не отишле најголем дел од другарчињата

Александар Динев и Евче добија многу пофалби за нивното добро дело.

Македонскиот пар изненади 11-годишно девојче на кое најголем дел од другарчињата му откажале присуство на роденденот. Малата Ева била многу тажна поради тоа, но нејзината самохрана мајка се погрижила роденденот да има среќен пресврт.

Александар Динев и Евче

Мајката го сретнала Динев на улица и го замолила да дојде на роденденот.

„Нè замоли да го изненадиме нејзиното дете за роденден. Ни раскажа дека е самохрана мајка која се бори секој ден за да ѝ подари среќно детство. Многу од другарчињата на Ева ѝ откажале дека немало да дојдат на прославата. Тоа ја направило нејзината ќерка многу тажна“ – вели Александар во видеото од изненадувањето.

Славеничката Ева е пресреќна кога ќе ги види Динев и Евче како доаѓаат со торта.

Александар Динев и Евче Александар Динев и Евче Александар Динев и Евче

„Замисли да ти откажат сите другарчиња за роденден, а наместо солзи, Динев и Ева да се појават и да те изненадат“ – вака го започнува видеото Динев.

Александар Динев и Евче Александар Динев и Евче

Погледнете:

@dinevv Ајде сите да ѝ честитаме среќен роденден на Ева! @Eva Jovanovska ♬ original sound - Aleksandar Dinev

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28867 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.