Почетна » Новости » Занимливости » „Ако не беше ти, никогаш немаше да знам што е аутизам“: Старица ѝ се заблагодари на мајка на аутистично дете што ја научи на трпение

„Ако не беше ти, никогаш немаше да знам што е аутизам“: Старица ѝ се заблагодари на мајка на аутистично дете што ја научи на трпение

Многу родители ги водат најтешките битки за да го направат светот подобро место за нивните деца.

Кејт Свенсон е мајка на аутистично дете која постојано ја подигнува свеста за аутизмот преку блогот „Finding Cooper’s Voice“. Нејзиниот син Купер не може да зборува, па таа е неговиот глас. Кејт постојано разработува важни теми за аутизмот и ги едуцира луѓето да ги разберат и прифатат различните.

На инспиративната мајка ѝ било особено драго кога добила мејл од старица која ѝ признала дека ѝ го променила животот и ја научила да биде потрпелива. Таа го сподели текстот за да им каже на другите мајки дека нивните борби не се залудни и дека е во ред да зборуваат за битките на нивните деца.

Кејт

Јас сум мајка и мојот син Купер има аутизам. Утрово, го добив следниов мејл. До сите родители кои се прашуваат дали прават разлика залагајќи се за нивните деца, читајте:

Здраво драга Кејт,

Со години ги гледам твоите видеа. Уште откако се регистрирав на Facebook.

Јас ум стара госпоѓа. Имам речиси 70 години. Моите деца се пораснати. Моите внуци се пораснати. Живеам во мал град во средината на Америка за кој никој нема слушнато.

Никогаш немав сретнато аутистична личност. Искрено, не го ни знаев тој збор.

Те гледав како зборуваш за аутизам и ја чувствував загриженоста и љубовта која ја имаш кон твојот син.

Знам дека се прашуваш дали го правиш вистинското нешто. Дали треба да го споделуваш животот на твојот син? Знам дека се прашуваш дали всушност правиш разлика.

Еве што имам да ти кажам.

Ги гледав твоите видеа и ги читав твоите постови и ми беше тешко да разберам.

Што значи кога велиш дека тој не може да зборува? Сите зборуваат.

Што значи кога велиш дека не може да оди во продавница? Тоа за мене нема никаква смисла.

На почетокот, гледав некои од видеата со тебе и твојот син и се прашував зошто едноставно не му речеш НЕ. Или да му кажеш: „Сега ќе го правиме ова“. Бидејќи јас така пораснав. Така ги пораснав моите деца, со строгост и љубов.

Но, продолжив да ги гледам видеата. Продолжив да учам. Ти ме учеше.

Гледав како расте твојот син. Всушност, ги гледав сите твои синови.

Плачев кога ти плачеше и се радував кога ти се радуваше. Потоа, се случи нешто прекрасно.

Бев со група мои пријателки во продавница. Секога недела одиме во ист ден, во исто време откако ќе ручаме. Нешто беше поразлично кај него.

Имаше еден маж. Возрасен маж, веројатно беше во неговите 40-ти години. Само што имаше нешто чудно кај него.

Една жена го водеше наоколу. Тој си ги покриваше ушите, скокаше и плескаше со рацете. Не зборуваше, но правеше голема врева. Од твојот син Купер, знаев дека тоа се звуци на среќа.

Му требаше голем простор додека се движеше околу нас. Се приближуваше и се оддалечуваше од рафтовите.

Некои од дамите со мене беа изнервирани. Моите пријателки. Мислам дека причината беше што тој нè кочеше.

Додека неговата придружничка чекаше да плати, тој се забавуваше со полицата со бонбони. Слушнав како жената му зборуваше. Исто како што правиш ти, Кејт. Жената беше смирена. Му ја фати раката и му шепотеше на уво. Подоцна дознав дека му е помала сестра.

Еден постар маж зад нас зајадливо се насмевна и викна „Побрзај“.

Кејт, се свртив многу брзо и му возвратив на човекот. Му реков: „Остави го намира“. Му реков да се тргне. Го направив тоа за Купер и го направив тоа за тебе.

Ти ми помогна да видам, Кејт. Ти ми ги отвори очите за аутизмот. Никогаш немаше да знам ако не беше ти. Ќе го проживеев целиот мој живот и никогаш немаше да знам за Купер и за луѓето кои се различни.

Ти ме научи да бидат трпелива и да се однесувам љубезно. Го направив тоа денес.

Ти благодарам за тоа.

Се обложувам дека никогаш не мислеше дека ќе допреш до една стара дама како мене и дека ќе ѝ го промениш животот.

Никогаш не се сомневај во твојата цел Кејт. Ти едуцираш многу луѓе низ целиот свет.

Гушни ги Купер и момчињата од мене. Те молам, продолжи да споделуваш.

Кејт Кејт Кејт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.