Почетна » Новости » Занимливости » 9-годишно момче од Русија ги „продава“ своите прекрасни цртежи за да им помогне на животни во засолниште

9-годишно момче од Русија ги „продава“ своите прекрасни цртежи за да им помогне на животни во засолниште

Понекогаш најмалите меѓу нас имаат најголемо срце и помагаат без да бараат ништо за возврат.

Таков е случајот со Павел Абрамов од Русија, кој со својот талент за цртање секојдневно им помага на бездомни животни згрижени во засолниште. 9-годишното момче ги заменува своите прекрасни цртежи за храна, опрема и лекови за кучињата сместени во единствениот стационар во неговиот град Арзамас. Во моментов, таму има повеќе од 100 кучиња.

Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов

Павел и неговата мајка Екатерина ја започнаа хуманата мисија за помош на животните откако го изгубиле семејниот миленик. Идејата била на Павел, кој не можел да ги игнорира кучињата скитници на улица, а Екатерина му помага да ја реализира.

Павел Абрамов

Тие имаат група наречена „На што е способен еден мал волонтер?“ преку која ги наоѓаат своите клиенти кои сакаат да имаат цртеж од нивниот миленик. Користејќи фотографија, Павел го слика животното на хартија, а потоа му го „продава“ своето дело на сопственикот.

Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов

Работата на Павел не е ограничена само на Русија. Тој има и „купувачи“ од Германија и Шпанија.

Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов

„Нашето семејство се гордее со неговиот прекрасен проект. Неговите денови се испланирани до минута, сака да прави апсолутно сè, но нема доволно време“ – рекла мајка му, која открила дека Павел сака да биде архитект кога ќе порасне и дека сака да создаде свое засолниште за животни.

Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов Павел Абрамов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.