Почетна » Новости » Занимливости » „680 шприца, 3 спонтани абортуси, безброј солзи“: По 5 години борба со неплодноста, мајка објави дека доби виножито-бебе

„680 шприца, 3 спонтани абортуси, безброј солзи“: По 5 години борба со неплодноста, мајка објави дека доби виножито-бебе

Жена, која 5 години се борела со неплодност, објави дека стана мајка со фотографија на која нејзиното бебенце лежи во ѕвезда меѓу шприцови.

Анирбас поминала низ многу неуспешни обиди за забременување и имала 3 спонтани абортуси, но сега има можност да му се радува на своето виножито-бебе. На фотографијата се претставени шприцовите од инјекциите кои ги примила за да го добие нејзиниот син.

Целта на Анирбас е да ги натера жените да зборуваат за своите битки со неплодноста и да ја подигне свеста кај луѓето за тие да бидат пољубезни кон нив.

Бебе

5 години, 3 неуспешни интраутерини инсеминации, 2 абдоминални операции, 3 спонтани абортуси, неуспешни пункции, трансфери и бремености, безброј ултразвуци и испитувања на крвта, 680 шприца, безброј апчиња, бескрајно течење на солзи, а резултатот беше нашиот совршен ембрион.

Патувањето до овој момент не беше лесно. Не сакав да зборувам за она низ што минувам. Полесно ми беше да се отворам пред некој непознат одошто пред моите пријатели и семејството. Жените не зборуваат за нивните проблеми со плодноста. Ние речиси сме засрамени или посрамотени да го кажеме зборот спонтан абортус. Дали си мислиме дека сме скршени? Дали си помалку жена ако не си мајка? Колку повеќе се отворав за мојата приказна, толку повеќе запознавав жени кои се обидуваат да забременат или го изгубиле малото чудо кое растело во нив.

Секое семејство има свој пат, некои ќе продолжат да се обидуваат, некои ќе се обидат со инвитро, други ќе се обидат да посвојат, некои ќе завршат на тоа да се неверојатни тетки или неверојатни маќеи, а некои ќе бидат прекрасни родители на миленик. Ако некогаш добиеш шанса да разговараш со некоја од овие храбри жени, запомни да не ѝ судиш за нејзиното патување, ислушај ги нејзините грижи и стравови, НЕ ѝ вели: „Опушти се, кога не мислиш на тоа, ќе се случи“. Знај дека си во присуство на воин!

„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче. (По бура се раѓа прекрасно и светло виножито, кое дава надеж дека сè ќе биде подобро, а токму оттаму потекнува идејата за концептот „виножито-бебиња“.)

Бебето Иги сега има 8 месеци.

Бебе Бебе Бебе Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.