Почетна » Новости » Занимливости » 5-годишно момче од БиХ за првпат во животот си ја скрати косата и ја донираше за деца болни од рак

5-годишно момче од БиХ за првпат во животот си ја скрати косата и ја донираше за деца болни од рак

Захарје Ѓуриќ е мало момче со големо срце.

5-годишното детенце од Бијељина, Босна и Херцеговина, за првпат во животот си ја скрати русата коса, а прамените ги донираше за деца болни од рак.

Неговата мајка никогаш претходно го немала однесено во фризерски салон за да си ја скрати косата, па Захарје доби можност да донира прекрасни долги прамени за неговите врсници кои ја водат најтешката битка за животот додека истовремено се соочуваат со губењето коса.

Захарје Ѓуриќ

Низ разговор со мајка му и сестра му, Захарје рекол дека сака да ги усреќи своите другарчиња и да им помогне кога ќе ја изгубат својата коса.

Фризерскиот салон „Давидоф“, кој долго време соработува со Здружението за деца билни од малигни болести „Искра“ од Бања Лука, се погрижил прамените на слаткото детенце да завршат на вистинското место.

ФОТО: Moja Bijeljina

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.