Почетна » Новости » Занимливости » 5 блиски дестинации за одмор

5 блиски дестинации за одмор

Комерцијален текст

Летото е пред прагот и со него доаѓаат сите планирања за летен одмор. Знаеш и сам дека заслужи малку одмор, на некоја песочна плажа со ладен пијалак и солидна доза на сончање. Зарем не ли е тоа и совршениот начин на кој сите си ја замислуваме заслужената летна релаксација?

Да се одлучиш каде ќе одмориш преку летото не е лесно, особено ако сакаш да е ефтино, со убава плажа и море, и вкусна храна. Не се разочарувај, постојат такви места и во наша близина, каде можеш да уживаш без да потрошиш сериозен дел од твојот домашен буџет.

1. Црна Гора

Оваа држава го има најмалиот излез на море во регионот, но тоа не значи дека убавите дестинации за одмор не се присутни. Се разбира, најпознатото место за летување во Црна Гора е Будва, или како што многу би рекле Монако на Балканот поради големиот број на казина.

Поради големиот број на туристи, цените во Будва преку лето знаат да бидат многу повисоки, па доколку бараш нешто подостапно ние го препорачуваме Суто Море. Тоа е едно од помалите градчиња со излез на море, со прекрасна плажа и цени блиску до нашите. Со оглед на тоа дека Јадранското Море е незаменливо, Црна Гора е прва во изборот.

Дестинации за одмор

2. Грција

Шансите да видиш некој познат по време на одморот во Грција се огромни, бидеќи и покрај сѐ, плажите на југот нѝ се помеѓу омилените. И нема како да не ги сакаме, кога Егејското Море е едно од најубавите и самите цени во Грција не се премногу скапи, особено после економската криза.

Краците во Халкидики се дефинитивно најпопуларната дестинација и понудите за летен одмор таму се бесконечни. Во случај да одлучиш дека сакаш да ги избегнеш гужвите на Халкиди, нашиот совет е Кавала, на исток, или Лептокарија малку подолу на југ. Цените тука не се ништо поскапи од тие на Халкидики и самите плажи се едни од најубавите во Грција.

А, за тие што сакаат малку поинаква летна авантура, островот Тасос е нашата препорака. Цените што таму ќе ги платиш можеби се малку поскапи, но островот компензира со својата уникатна убавина и песочни плажи.

Дестинации за одмор

3. Бугарија

Нашиот сосед на исток е познат по летните забави во Златни Песоци и Сончев Брег и е меѓу омилените дестинации на помладите. Самите цени во Бугарија не се премногу високи, но преку летната сезона знаат да бидат малку покачени на попопуларните места поради големиот број на туристи.

Постојат и помали градчиња каде што можеш да одмориш без премногу лудување и големи трошоци. Ахтопол и Созопол се помали места на бугарското јужно крајбрежје со прекрасни плажи и фантастични барови. Вредат да се посетат доколку сакаш освен сончање, да видиш и малку историја, бидејќи тие се едни од најстарите населени места на Црното Море.

Дестинации за одмор

4. Албанија

Туризмот во оваа држава е во подем во последните неколку години, и тука се најубавите плажи во нашата близина, токму поради фактот што години назад тие воопшто не биле посетувани. Албанија е вистински пример за недопрена убавина.

Нашата препорака се Ксмаил и Саранда на самиот југ од државата и во непосредна близина на грчкиот остров Крф. Иако, патот е малку подолг до овие места поради самата патна инфрастуктура во Албанија, кога ќе пристигнеш ќе разбреш дека се исплати. Цените се далеку пониски од било каде во регионот, додека плажите се со покриени со ситен бело-златен песок.

Дестинации за одмор

5.Малта

Во ред, Малта и не е толку блиску. Но, со достапните евтини летови најверојатно ќе пристигнеш побрзо до Малта со авион, отколку со кола до некоја од претходно наведените локации. А зашто токму Малта? Тоа е еден мал остров во средината на Средоземното Море со многу историја и уникатна архитектура кој вреди да се види барем еднаш во животот. Цените се блиску до нашите, а во локалните ресторани преовладува италијанската кујна.

Дестинации за одмор

Во случај, твоите финансии да не се еднакво пропорционални со желбата за одмор, нема потреба да се разочаруваш. Има решение според кое можеш да си дозволиш незаборавен одмор во некоја од блиските летни дестинации без да ти влијае на домашниот буџет.

Credissimo

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.