Почетна » Новости » Занимливости » 20 години подоцна: Мајка ги покажа петте деца од кои докторите ѝ велеле да абортира две

20 години подоцна: Мајка ги покажа петте деца од кои докторите ѝ велеле да абортира две

Мајка, која пред 20 години одлучила да ги отфрли советите на докторите да абортира две од своите пет бебиња, сега отворено споделува колку се гордее со својата одлука.

„Избрав да им ги спасам животите, а сега тие спасуваат туѓи животи“ – вели таа.

Имено, во 1995 година пред Сузан Томпсон стоела многу тешка одлука. Откако прегледот со ултразвук покажал дека 28-годишната жена е бремена со петорка, докторите ѝ кажале дека можно е да не преживеат сите бебиња и ја советувале да абортира две или три од нив за да им даде најдобра шанса за преживување на останатите.

Петорка

Сузан одбила и во 29. недела од бременоста таа ги родила сите пет бебиња живи. Сега тие се возрасни личности. По дипломирањето, три од нив започнале да служат во војска, а две избрале да се реализираат во областа на медицината.

Гордата мајка ја сподели својата приказна на страницата „Love What Matters“ и за само неколку часа, стана вирален хит. Прочитајте го нејзиниот текст:

Петорка

На 28-годишна возраст, дознав дека сум бремена со петорка. Мојот доктор веднаш започна разговор со мене за селективна редукција. Кога му реков „не“, тој ме испрати кај специјалист кој многупати побара од мене да размислам за редуцирање на мојата бременост до тројка, па дури и до близнаци. Ова траеше неколку месеци.

Јас и мојот сопруг никогаш не го гледавме ова како опција, во ниту една секунда. Бог ни ги даде овие мали деца и Тој ќе се грижи за нив.

Дваесет години подоцна се навраќам наназад и не можам да си ги замислам нашите животи без некое од децата. По дипломирањето, три од нив започнаа да служат во војска, а две избраа да градат кариера во полето на медицината. Сите се одговорни зрели личности кои го сакаат Бог и го прават светот подобро место. Избрав да им ги спасам нивните животи, а сега тие спасуваат туѓи животи.

Текстот е споделен пред 13 часа, а веќе има повеќе од 220 илјади допаѓања и 20 илјади споделувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.