Почетна » Новости » Животни стории » Скапоцен дар: Мајка ѝ ја донираше својата матка на ќерката за да може да забремени повторно

Скапоцен дар: Мајка ѝ ја донираше својата матка на ќерката за да може да забремени повторно

Извршена е првата трансплантација на матка во Австралија.

Мишел Хајтон од Кофс Харбор ѝ ја донираше својата матка на ќерката Кирсти Брајант, за таа да може да забремени повторно.

Кирсти и Мишел

На 30-годишната Кирсти ѝ била извршена итна хистеректомија (отстранување на матката), бидејќи обилно крварела по раѓањето на првото дете во 2021 година.

Кирсти и Мишел

Разочарана што никогаш повторно нема да може да носи дете во утробата, Кирсти продолжила со својот живот без да помислува дека еден ден повторно ќе има матка. Таа можност дошла подоцна, кога Кирсти дознала за овој вид трансплантација. Со нова надеж во себе, одлучила да ја праша мајка си дали ќе сака да ѝ ја донира својата. Мишел без двоумење прифатила.

„Стискам палци, постои можност да носам бебе во истата утроба во којашто растев. Се надевам дека тоа ќе биде одлична приказна која ќе му ја раскажувам на моето дете еден ден“ – вели Кирсти.

Кирсти и Мишел

Мајката Мишел минала низ 11-часовна операција за отстранување на нејзиниот репродуктивен орган. Трансплантацијата била успешна, но потребно е да поминат 6 месеци пред Кирсти да може да ја има првата постапка за ин витро.

„Ако можам да сонувам малку, би сакала да имам уште две бремености. По хистеректомијата, тагував што нема да можам да забременам повторно. И сега кога можам да ја добијам таа можност, ќе сонувам големи соништа“ – вели Кирсти.

Кирсти и Мишел Кирсти и Мишел Кирсти и Мишел Кирсти и Мишел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.