Почетна » Новости » Животни стории » Радосно видео: Доктори и сестри со аплаузи ја испраќаат малата Мила откако се излекува на Детската клиника во Скопје

Радосно видео: Доктори и сестри со аплаузи ја испраќаат малата Мила откако се излекува на Детската клиника во Скопје

Позитивните вести се повеќе од добредојдени деновиве, а организацијата „САНО“ ни подари прекрасна вест благодарение на малата Мила.

Борбената хероина го заврши лекувањето на Детската клиника во Скопје со победничко ѕвонење на ѕвончето додека медицинските лица силно ѝ аплаудираа.

„Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија ѝ велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечиња. Денес клоцна една голема грижа, така и треба“ – стои во описот на видеото кое поттикнува убави чувства.

Видео

Болно девојче Болно девојче

Пред 10 дена, со симболично ѕвонење лекувањето го заврши и малата Румеса.

Од „САНО“, со моќна објава нè потсетија да седиме дома и да не се жалиме што сме во карантин.

„Ве молам помислете на семејства кои се борат со педијатриски карцином, тогаш кога ќе слушнете дека некој се жали од КОВИД-19 и домашна изолација!“ – споделија тие заедно со фотографија од болно девојче.

Болно девојче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.