Почетна » Новости » Животни стории » Мајка на предвреме родено бебе од Македонија: Бебињата секако се суперхероите, но нивните родители се тие кои им ги шијат наметките

Мајка на предвреме родено бебе од Македонија: Бебињата секако се суперхероите, но нивните родители се тие кои им ги шијат наметките

Ана Сариевска е мајка која испрати порака на Светскиот ден на предвреме родените бебиња.

Македонката, која своето бебенце го роди предвреме, напиша пост на Facebook за да ја покаже реалноста во нашите болници во првите месеци по породувањето, како и да ја истакне важноста на блискоста на родителот со бебето додека тоа се бори за живот.

Илустрација

Ви ја пренесуваме нејзината порака во целост:

Proud mom of a preemie miricle. Така сум напишала лани. И вистина е така. Нека е среќен денот на предвреме родените бебиња! Борци и херои од првиот здив! И додека секаде во развиениот свет се посветува неверојатно големо внимание во олеснување на првите месеци од животот на бебињата и родителите на предвреме родените бебиња, ситуацијата овде е очај...

Бебето останува во болница, мајката ја бркаат како шугава да е, ако сакаш остани, плати си, ама што ако платиш кога еднаш или два пати во денот ќе те пуштат преку стакло да го видиш бебето на пет минути. Мајката дома со постродилна депресија, ама ако, треба да биде среќна и позитивна, без никаква поддршка од психолог или стручно советување, да одржува лактација, да мрзне млеко и да се грижи за другите деца (ако ги има) и домашни обврски да си тера.

Никој ни доктор, ни сестра не кажуваат ништо за состојбата на новороденото, треба врски да фатиш за да добиеш информација како ти е сопственото бебе. Додека родителите овде како зомбиња се мафтаат по ходници и им се мерат минути на гледање низ стакло, во светот постои кенгурирање, активно вклучување на родителите во развојот и опоравување на бебето.

Методот кожа на кожа е докажан како исправен, хуман и ефективен. Ама кај нас очигледно знаат подобро. Нема апсолутно никаква финансиска поддршка за сите скапи прегледи и испитувања, а ако поради предвременото пораѓање не оствариш право на породилно, никому ништо, ко попче ќе си тргнеш на работа за еден месец и ќе оставиш предвреме родено бебе дома, или ќе ја изгубиш работата... Приватните клиники за волја на вистината се попријатно искуство, ти влеваат чувство на доверба, те вклучуваат малку од малку во процесот и го прават хоророт поприфатлив, но секако чинат многу. Сè на сè, првите месеци во животот на семејството каде има предвреме родено бебе се крајно неизвесни, стресни, исцрпувачки и те менуваат засекогаш. Бебињата секако се суперхероите на приказнава, но нивните родители се тие кои им ги шијат наметките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.