Почетна » Новости » Животни стории » Мал борец: Емотивно видео за првите месеци од животот на бебенце тешко 680 грама, родено во 24. недела

Мал борец: Емотивно видео за првите месеци од животот на бебенце тешко 680 грама, родено во 24. недела

Видеото за бебенце, кое се роди во 24. недела и тежеше само 680 грама, ќе ве увери дека чуда навистина се случуваат.

Лахлен Лахлен Лахлен

Малиот Лахлен ги надмина сите пречки кои му стоеја на патот – се избори со бројни инфекции, помина низ две операции, карантини и антибиотици – и по 88 дена излезе како херој од Одделот за неонатална интензивна нега во болница во Канзас.

Родителите на бебенцето, кои претходно изгубиле неродено бебе во 16. недела од бременоста, одлучиле да го споделат емотивниот видеозапис со светот за да порачаат дека чуда се случуваат и да им влеат надеж на други родители.

„Никогаш не сум била повозбудена и понервозна отколку што сум сега додека го споделувам ова со вас. Ова беше нашиот живот пред 6 месеци и се молам нашата приказна да може да им донесе надеж на другите. Животот не е секогаш убав, но чуда можат да се случат и ние сме горди што му сме родители на нашето специјално мало момче. Бог да ги благослови сите медицински сестри и докторите...“ – напиша мајката Џесика Даукинс во описот на видеото.

Видео

Џесика одлучи да објави текст на сајтот Love What Matters за да го сподели своето искуство со загуба на бебе во бременоста, со предвремено породување, со живот во Одделот за неонатална интензивна нега и со грижа за премало бебе.

До сите мајки кои ја искусиле безумната болка на загубата и на беспомошноста која доаѓа со неа – не сте сами. До мајката која го гледа нејзиното малечко како се бори за својот живот еден мал здив по друг – не си сама. Има толку многу од нас кои ги искусиле овие нешта и ме боли што знам колку се чести овие стории. Секоја од нашите приказни е уникатна, некои се полесни од другите, но мораме да се поддржуваме една со друга зашто тоа е многу важно.

Се молам нашата приказна да ви даде не само надеж за вашата иднина, туку и утеха во знаењето дека чуда можат да се случат и дека тие се случуваат секој еден ден. Не се откажувајте од надежта! Дури и во нашите најтемни моменти, кога е тешко да си замислиме дека некогаш повторно ќе ја видиме светлината, продолжете да се надевате.

Во моментот кога го изгубила своето неродено бебенце, Џес пишува дека се чувствувала беспомошно и дека засекогаш се променила како личност.

Емоционалната болка беше неподнослива. Со сопругот изгубивме сили и само се гушкавме и плачевме. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку беспомошно и неконтролирано. Знаев од тој ден наваму дека никогаш нема да бидеме исти.

Мојот живот по загубата беше исполнет со збунетост и самообвинување... Можеби ако не ги изедев оние крофни сè уште ќе бев бремена, не требаше да вежбам, сигурно пренапорно работев, можеби не ги земав правилните витамини... изговорите постојано надоаѓаа. Тимот во болницата направи одлична работа додека разговараше со мене за процесот на жалење. Не е наша вина што ни се случуваат овие нешта. Овие нешта се случуваат! И дозволете ми да ви кажам дека се случуваат постојано.

Потребни биле пет месеци за парот да собере храброст да започне со обиди за забременување. Набрзо, позитивниот тест за бременост им донесол радост и на двајцата, но поради претходната загуба, Џесика била екстремно внимателна во секој избор побрзан со нејзиното неродено бебе.

За жал, за време на рутински преглед во 21 недела од бременоста, тие повторно слушнале вест која ниту еден иден родител не сака да ја слушне. Грлото на матката на Џес било премногу кратко, што значело дека бебето ќе се роди прерано.

Докторите им дале две опции – да ѝ направат серклаж на Џесика со ризик дека иглата би можела да го пробие водењакот и да го изгубат бебето или да започнат третман со прогестерон и да се надеваат дека таа ќе издржи барем до 23 недела, кога ќе можат да ѝ дадат стероиди за забрзано развивање на белите дробови на бебето во случај да се роди предвреме.

Секој ден поминат заедно ми беше благослов, а јас бев благодарна за секоја секунда која ја имав со мојот син. Неговите мали клоцања ми беа секојдневна потврда дека се држи таму внатре.

Со многу лежење и мирување, како и со примање на соодветна терапија, Џес го износила својот син до 24. недела. Таа се породила на 7 декември минатата година, додека терминот за породување ѝ бил во март годинава.

Лахлен

Лахлан пристигна на 7 декември. Мојот сопруг му ја сече папочната врвца додека гинекологот му го предаде на персоналот од Одделот за неонатална интензивна нега. Кога го ставија на креветчето, слушнав мал слаб плач. Срцето ми потскокна и солзите ми се лееја од очите додека прашував: „Ох Боже, дали тоа беше тој? Успеа!“.

Го завиткаа за да го стоплат и ми го дадоа да го држам за првпат. Сестрата стоеше до него за да му ја држи направата за дишење за му помогне да дише. Сè што можев да видам беше мало розово лице закопано во ќебиња. Не губев многу време во држење зашто сакав да ја добие помошта што му беше потребна. Можеби требаше да го подржам малку подолго? Што ако тоа беше мојата единствена шанса да го држам жив? Што ако не преживее? Помислував на сето ова, но инстинктите ми велеа да го предадам во рацете на персоналот за да му ја дадат сета помош колку што е можно побрзо.

Откако го сместија, мојот сопруг се врати за да ми покаже фотографии од нашето слатко мало бебенце. Беше премало. Изгледаше страшно на фотографиите, но мислам дека ниту една фотографија не може целосно да те подготви за моментот кога ќе си го видиш детето во таква состојба.

Дури и откако ми дозволија да го видам Лахлен, јас не отидов. Останав во мојот кревет. Откако го изгубив Џексон и ми кажаа дека има голема шанса да го изгубам Лахлен, јас чувствував сè само не желба. Се дистанцирав од страв да не бидам повторно повредена. Конечно, една упорна сестра дојде за да ме убеди да го посетам: Твоето бебе има потреба од тебе, ќе направиш да се чувствува подобро, бидејќи тоа може да го почувствува твоето присуство. Овие нешта звучеа измислено тогаш, но токму тоа требаше да го чујам за да станам од кревет и да отидам во Одделот за неонатална интензивна нега...

Со сопругот сакавме да научиме колку што е можно повеќе од она што му го правеа и зошто. Правевме сè што можевме за да му помогнеме да порасне и да стане посилен. Му пеевме, му читавме, се гушкавме со раце, а кога дојде време за контакт кожа на кожа, ја користевме секоја можна шанса.

Лахлен Лахлен Лахлен

Иако заедно извојувале многу победи, најголемото олеснување за новите родители било кога докторите им соопштиле дека срцето на бебето правилно се оформило и дека нема да има потреба од операција.

Се избори со неколку инфекции, честопати примаше антибиотици, му беше дијагностицирана ретинопатија поради прематуритет, имаше крварења во мозокот и многу оштетувања во белите дробови. Во еден период беше во карантин... Беше вклучуван и исклучуван од машините за дишење во првите два месеци од неговиот живот, и имаше две операции, но низ сето тоа, тој продолжуваше да се бори.

Секој момент што го имавме со него ни беше скапоцен и ние бевме пресреќни што искусувавме многу нешта за првпат. Првото држење в раце, првата средба со децата, првата посета на роднините, првото облекување алишта... Секојпат бевме еден чекор поблиску до дома.

Лахлен Лахлен Лахлен

Лахлен помина 88 дена на болница, а денес е среќно бебенце кое расте во својот дом покрај своите родители, својот полубрат и својата полусестра.

Лахлен Лахлен Лахлен Лахлен Лахлен Лахлен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.