Почетна » Новости » Животни стории » „Кога го донесовме дома, имаше голем страв“: Пар од Скопје згрижи момче со заостанувања во развојот, сега со љубов се бори против предрасудите

„Кога го донесовме дома, имаше голем страв“: Пар од Скопје згрижи момче со заостанувања во развојот, сега со љубов се бори против предрасудите

Пар од Скопје во својот дом згрижи момче со заостанувања во развојот кое било плашливо и трауматизирано, но сега е сакано и среќно. Приказната на Ана и Сашо ја сподели Радио Слободна Европа со цел да се засили борбата против предрасудите и да се подигне свеста дека децата излезени од институции со мала поддршка даваат големи резултати.

Слаткиот Иван до својата втора година бил сместен во домот во Битола, по што бил згрижен од семејството Илиоски. Момчето постојано плачело и врескало, но благодарение на љубовта на Ана и Сашо, неговите трауми полека остануваат во минатото.

Иван

„Иван од домот во Битола го земавме во многу тешка состојба. Цели ноќи плачеше, врескање, непроспиени ноќи, не сакаше да легне, седеше на кревет, така заспиваше со прсти во уста, имаше голем страв“ – вели Ана во видеото од репортажата. Таа е категорична дека овие деца имаат голема потреба од љубов и посветеност, но дека знаат да возвратат многу повеќе.

Видео

„Кога го донесовме дома тој не го поминуваше прагот, не сакаше да влезе од просторија во просторија и со сопругот лазевме, правевме сè и сешто за да дојде до нас за да го гушнеме. Не знаеше лажица да држи, не знаеше да се напие сок или вода, не знаеше да ни каже ништо, имаше голема траума“ – додава таа.

Иван

Иван сега има три години. Ана и Сашо редовно го носат на прегледи, а оди и во градинка, каде се дружи со други деца. Тие се надеваат дека еден ден ќе можат да го посвојат малото момче и дека ќе станат вистинско семејство, бидејќи за згрижувачите е многу тешко кога треба да се разделат со децата.

Според податоците, во земјава има 206 згрижувачки семејства. 281 семејства чекаат за посвојувања дете, а 111 се во системот за посвојување.

Иван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.