Почетна » Новости » Животни стории » Борба за двајца: 27-годишна мајка роди синче додека се бореше со рак на дојка во бременоста

Борба за двајца: 27-годишна мајка роди синче додека се бореше со рак на дојка во бременоста

Наместо да се радува што ќе стане мајка, Касандра Церда ја помина речиси целата бременост борејќи се за својот и за животот на бебенцето кое го носеше во утробата. Таа роди здраво момче и сега продолжува да војува со ракот, сè додека не ја добие целосната битка.

Имено, 27-годишната Американка дознала дека боледува од рак на дојка во февруари оваа година, кога била во 20-тата недела од бременоста.

„Не можев да верувам. Бремена бев и не мислев дека нешто такво може да ми се случи мене. Но, ракот не дискриминира. Беше шокантно. Немав надеж. Кога ќе го слушнеш зборот ‘рак’, звучи како да ќе умреш“ – изјавила Касандра.

Касандра Церда

Оттогаш, храбрата мајка поминала низ неколку терапии, но докторите откриле дека ракот се проширил и на лимфните жлезди. Во април, Касандра морала да започне да прима хемотерапија, по што ја изгубила и косата.

Церда роди синче на 17 јуни, една недела пред терминот за породување.

Касандра Церда

По породувањето, Касандра имала неколку недели да се опорави и да собере сили за да продолжи со хемотерапиите.

„Се надевам дека туморот на лимфните жлезди се намалил и дека беше успешна првата рунда на хемотерапија. Бидејќи доколку не успеа, Боже, не знам што ќе се случува понатаму“ – вели таа.

Касандра Церда

Касандра ја сподели својата приказна за да ги охрабри сите оние кое се борат со оваа болест. „Не сакам луѓето да ме сожалуваат. Не, не е тоа поентата. Сакам да знаат дека, што и да е, тоа е помала или поголема пречка преку која треба да поминат во животот. Други луѓе се борат со полоши нешта и успеваат да победат. Тоа е мојата порака и цел“ – вели таа.

Касандра Церда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.