Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Невообичаени ефективни домашни лекови

Невообичаени ефективни домашни лекови

Не можете да престанете да икате? Стапалата ве убиваат од болка? Ве нервира ‘рчењето на сопругот? Ве измачува главоболка? Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни:

Проблем: тврдоглаво икање
Решение: шеќер
Никако не можете да престанете да икате? Ставете в уста 1-2 лажички шеќер, советуваат експертите. Гранулите од шеќерот го стимулираат нервот кој предизвикува контракции на дијафрагмата.

ШеќерШеќерот ќе ви помогне против досадното икање

Проблем: миризливи нозе
Решение: ракија
Натопете една крпа со ракија и со неа избришете ги нозете. Алкохолот од ракијата ја намалува влажноста која им овозможува на бактериите и габичките да растат и да се размножуваат.

Проблем: главоболка
Решение: дрвен молив
Голем процент од главоболките се причинети од напнатост и стрес. Кога сте вознемирени, несвесно ги стегате вилиците, а тоа ги оптоварува мускулите кои ги поврзуваат вилиците со слепоочниците. Резултатот е главоболка. Ставете дрвен молив меѓу забите, но не го гризете. Ваквата положба ќе ви помогне моментално да ги одморите мускулите на вилицата и со тоа ќе ја спречите или намалите главоболката.

Проблем: уморни стапала
Решение: тениско топче
Високите потпетици честопати предизвикуваат болки во стапалата. Ако барате начин да ја ублажите болката во вашите уморни стапала, ставете тениско топче под стапалото и движете го стапалото напред-назад. Така ќе си подарите релаксирачка масажа.

Проблем: ‘рчење
Решение: тениско топче
Овој мал трик можеби ќе ви изгледа смешен, но е еден од најефективните „третмани“ против ‘рчењето. Ставете тениско топче во отсечен џеб од стара облека и зашијте го на средината на грбот на тесна пижама. Топчето ќе ви оневозможи да лежите на грб додека спиете, а добро е познато дека луѓето најмногу ‘рчат кога спијат на грб.

Проблем: плускавици
Решение: раствор за плакнење на устата
Растворот со кој си ја освежувате устата пред спиење може да ви послужи и за лекување на болните плускавици. Натопете памучен тампон со средството и премачкувајте ги плускавиците трипати дневно додека не се исушат.

Проблем: исеченица
Решение: каранфилчиња
Имате мала исеченица и сакате да го спречите евентуалното инфицирање? Поросете малку каранфилчиња во прав врз раната. Каранфилчињата имаат антисептичко дејство, а освен тоа и ја намалуваат болката.

Проблем: мачнина при патување
Решение: маслинки
Мачнината при патување е проследена со лачење на поголемо количество плунка, која може да предизвика вртоглавица и гадење. Маслинките содржат супстанции кои ја сушат устата и го спречуваат гадењето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.