Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Како да ги контролирате реакциите на вашето тело

Како да ги контролирате реакциите на вашето тело

Некои ситуации во животот бараат да се воздржите од искажување на емоции преку насмевка или солзи. Во други пак, сакате сами да си помогнете за да избегнете непријатни проблеми како несвестица, киселини или да го спречите досадното икање. Вашето тело само може да се бори против овие непожелни проблеми, но треба да знаете да му кажете што да прави.

Жена што икаИкањето можете да го спречите со задржување на воздухот.

Спречете го икањето

Икањето е многу непријатно, особено кога трае подолго. За да го спречите, вдишете длабоко, без да издишите и задржете го воздухот десет секунди. Потоа, без да издишувате, вдишете уште воздух и задржете го пет секунди. На крајот, уште еднаш вдишете воздух и задржете го уште пет секунди. Откако ќе го направите ова продолжете да дишете нормално. Истражување на факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк, покажа дека кај сите учесници кои можеле да го направат овој „трик“, икањето сопирало веднаш.

Спречете ги солзите

Многу често има ситуации кога солзите само можат да ви наштетат. Во такви непријатни моменти, за да ги сопрете едноставно прочистете си го грлото. Тоа ќе го прекине механизмот во носните канали и ларинксот, кој што го контролира плачењето. По прочистувањето на грлото, инстинктивно голтате, а со тоа јазикот го поставувате на горниот дел од усната празнина. Тоа е уште еден трик кој помага да ги запрете солзите.

Спречете го смеењето кога е неумесно

Доколку добиете напад за смеење кога воопшто не е умесно да се насмеете, штипнете се посилно или каснете си го јазикот. Каснете ги двата внатрешни образи или двете страни на устата. Така ќе спречите да се кренат краевите на устата, ако не можете да се воздржите. Вдишете длабоко или стегнете ги усните. Овие трикови можат да ви помогнат да ја задржите насмевката и да не испаднете нечувствителни или да се засрамите.

Спречете ја болката од инекција

Жена што се плаши од инекцијаЗа да ја спречите болката од убодот, со врвот на палецот и показалецот притискајте на друго место во близина, додека ја примате инекцијата.

Повеќето луѓе се плашат од самата игла и поради тоа болката изгледа поголема. За да ја спречите болката од убодот, со врвот на палецот и показалецот притискајте на друго место во близина, додека ја примате инекцијата. Тоа ги збунува рецепторите, па убодот не е толку болен.

Спречете ја несвестицата

Доколку чувствувате изнемоштеност и се плашите да не се онесвестите, прекрстете ги нозете, стегнете ги мускулите на бедрата и стомачните мускули. Најчесто несвестицата се појавува поради паѓање на крвниот притисок и надоаѓање на крвта во екстремитетите. Ако ги стегнете мускулите, ќе го зачувате висок крвниот притисок и ќе ја вратите крвта кон срцето и мозокот. Оваа вежба го намалува ризикот од онесвестување со 30%.

Спречете ги ноќните киселини

Ако чувствувате киселини, најдобро е да спиете на левата страна. Спиењето во таа положба ќе ја зачува природната искривеност на хранопроводот, а тоа ќе им попречи на стомачните киселини да одат нагоре. Кога спиете на грб или на десната страна, искривеноста на хранопроводот се исправува.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.