Почетна » Забава » Слободно време » Еве кои денови ќе бидат неработни во 2019 година, која ни носи 7 продолжени викенди

Еве кои денови ќе бидат неработни во 2019 година, која ни носи 7 продолжени викенди

Годината која доаѓа ќе им донесе 7 продолжени викенди на сите граѓани во нашата држава.

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови за 2019 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

Календар

(Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија)

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (вторник), Нова Година,
  • 07 јануари (понеделник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  • 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (недела), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.