Почетна » Забава » Видео » „Татко на векот“: Маж си истетовира слушно помагало за да му ја зголеми самодовербата на синот

„Татко на векот“: Маж си истетовира слушно помагало за да му ја зголеми самодовербата на синот

Родителите ќе направат сè за да ги видат своите деца среќни, самоуверени и исполнети.

Со еден прекрасен гест, татко од Ирска им го освои срцето на милион интернет корисници и му измами насмевка на синот кој има кохлеарен имплант за да слуша. За да му ја зголеми самодовербата на синот, Каи си направи тетоважа идентична на слушниот апарат кој го носи тој.

Моментот кога момчето ќе ја види тетоважата бил снимен од неговата мајка Натали и сега разнежнува срца на интернет.

„Татко суперхерој“ – напиша таа.

@natalieboyd_xx Superhero Daddy #cochlearimplant #justforyou ♬ Hero - Enrique Iglesias

Многумина во коментарите ја пофалија постапката на таткото и напишаа дека тој е нивен херој и дека е татко на векот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.