Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Студентки пријатно изненадија баба вработена во студентското бифе

ВИДЕО: Студентки пријатно изненадија баба вработена во студентското бифе

Студентки од Елон Универзитетот во Северна Каролина ѝ ја исполниле желбата на вработена во кафетеријата, подарувајќи ѝ патување со семејството во Дизниленд.

Кетрин Томпсон, која долги години посветено работела во бифето, отсекогаш сакала да помине еден ден во популарниот забавен парк со своите најблиски, но никогаш не можела да си го пружи тоа задоволство.

Кога студентки кои секојдневно го посетувале бифето дознале за неостварената желба на бабичката, решиле да се обидат да ја реализираат. Преку страницата GoFundMe тие собрале 7.555 долари, кои ја надминувале сумата потребна за убавото изненадување.

„Кога рече дека тоа е нејзиниот сон, си помислив, тука има 6.000 луѓе со барем по еден долар. Веројатно можеме тоа да го оствариме“ – изјавила една од студентките кои ја иницираа несебичната акција.

Погледнете ја емотивната реакција на Кетрин:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11136 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.