Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Реакции на блиските на маж кој си ја избричи брадата првпат по 14 години

ВИДЕО: Реакции на блиските на маж кој си ја избричи брадата првпат по 14 години

Амит е 44-годишен Израелец кој имал брада од 30-годишна возраст, па неговата сопруга и децата го немале видено како изгледа без брада. Тој решил да се избричи како дел од рекламна кампања за бричови на фармацевтската компанија „Super Pharm“.

„Не можам да поверувам дека вака изгледаш“ – изненадено му се обраќа неговата сопруга во видеото. Таткото на Амит дури и не го препознава и се однесува кон својот син како кон обичен муштерија во нивната семејна продавница.

Погледнете ги реакциите на членовите на семејството на Амит кога ќе го здогледаат без брада за првпат по 14 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.