Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Ѝ предложи брак на саканата со помош на нивната штотуку родена ќерка

ВИДЕО: Ѝ предложи брак на саканата со помош на нивната штотуку родена ќерка

Предлозите за брак честопати се повод за пронаоѓање креативни идеи. Заљубен маж од Мисисипи ја запроси саканата со помош на нивната штотуку родена ќерка.

Мајкл Мајлс и Тристон Лаури само што му посакаа добредојде на своето малечко чедо, а новиот татко го чекал токму тој момент за да ја побара раката на својата сакана. „Јас сум фамилијарна личност. Затоа сакав нашата ќерка да биде дел од тој специјален ден. Сакав да биде таму на првиот ден кога ќе го започнеме нашиот заеднички живот“ – изјавил Мајкл.

Во видеото, медицинската сестра ѝ ја носи на Тристон новородената ќерка додека Мајкл го вади прстенот за да ја запроси. Прашањето „Ќе се омажиш ли за мојот татко?“ е напишано на шпикозните на бебето.

Видеото од слаткото запросување беше објавено на Facebook од мајката на Мајкл и досега има над 600.000 прегледувања и 7.500 допаѓања. Погледнете го:

The sweetest proposal EVER!!!

Posted by Debra Norris Sadowski on Friday, October 16, 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.