Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Грижливо детенце ја изненади мајка си за Божиќ со омилената кукла од детството

ВИДЕО: Грижливо детенце ја изненади мајка си за Божиќ со омилената кукла од детството

Понекогаш децата знаат да ги приредат најубавите изненадувања. Грижливо момче ја трогна до солзи мајка си подарувајќи ѝ ја омилената кукла од нејзиното детство.

Во видеото објавено на TikTok, Рут Хагман е исполнета со емоции кога нејзиниот 8-годишен син ќе ѝ ја подари куклата „Моли“, која ѝ била омилена додека била мала, но ја изгубила при преселба во нов дом.

„Ја носев секаде со мене. Бев опседната со неа. Сè правев со неа“ – рекла Рут. Таа ја изгубила куклата кратко време по смртта на нејзиниот татко и била многу тажна.

Рут му ја раскажала приказната за „Моли“ на синот Хадсон уште минатата година, а тој запомнил и се погрижил да ѝ донесе насмевка на лицето токму на овој Божиќ.

@ruthhagmann best christmas present ever️ #innerchildhealing ♬ To be loved Is to be changed - gosiahballer

Хадсон и неговата баба минале месеци барајќи ја куклата онлајн за нарачка и едвај успеале.

„Тој е многу грижлив. Беше прекрасен Божиќ. Никогаш нема да го заборавам“ – рекла среќната мајка.

Изненадување Изненадување Изненадување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.