Почетна » Забава » Видео » Аладин и Џасмин: Татко ѝ го исполни сонот на ќерката и ѝ создаде магичен килим со кој се возеа на Халовин

Аладин и Џасмин: Татко ѝ го исполни сонот на ќерката и ѝ создаде магичен килим со кој се возеа на Халовин

Татко доби илјадници комплименти и стана вирален хит на социјалните мрежи со маската која ја избра за себе и за ќерка си на Халовин.

Со помош на електричен скејтборд тој направи магичен килим како од „Аладин“ и ја возеше ќерката која беше маскирана како Џасмин. Во видеото објавено од неговата сопруга Триша, таткото е на магично патување низ соседството преправен како Аладин.

„Мојата сопруга го објави ова минатата недела и оттогаш е вирална сензација. Интересно е што ние сме само обични луѓе кои ги сакаат нивните деца и прават кул работи. Одлично е да се биде татко“ – напиша тој на својот профил kiteglobe.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.