Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Никол Шерцингер

Диетата и фитнесот на Никол Шерцингер

Остани активна, јади сè умерено и престани да си толку строга кон себе.

Мотото на Никол Шерцингер

Жешката Никол Шерцингер уште со самото појавување на музичката сцена заведе милиони обожаватели и до ден денес не престанува да ги освојува љубопитните погледи. 33-годишната пејачка поседува тело какво што би посакала секоја жена, а тврди дека го одржува со помош на умерени порции и многу физичка активност.

Привлечната пејачка не била отсекогаш приврзаник на здравата исхрана и кога била помлада испробувала многу диети. Но, денес поучена од искуството знае точно што е најдобро за нејзиното тело.

Никол Шерцингер

Диетата на Никол

За да го одржува своето тело во топ форма, Никол Шерцингер се храни со сè, но умерено и никогаш не ги прескокнува оброците. „Дури и со мојот луд распоред на обврски, никогаш не прескокнувам оброци“ – изјавила таа за списанието Shape.

Мени за еден ден

Појадок: меко варени јајца, чаден лосос и интегрален леб

Ручек: тенко исечени парчиња преработено месо и кашкавал кои се служат ладни, зеленчук и овошје

Вечера: пилешко или риба со ориз и зеленчуци.

Харизматичната пејачка не го лишува своето тело од ништо. Кога сака да се почести со нешто вкусно, таа се насочува кон храна типична за Хаваи, како сува туна со сос од соја, палачинки со банана со кокосов сируп и макадамија ореви прекриени со чоколадо.

Никол денес се храни балансирано и здраво, но тоа не било отсекогаш така. Атрактивната бринета признала дека кога била помлада држела безброј диети и постојано била опседната со тежината.

„Започнав да трчам и да бројам калории кога имав 14 години. Сум ја држела секоја диета која може да ви падне на ум. До времето кога започнав да работам со Pussycat Dolls постојано бев качена на вага. Но, таа ми стана непријател, затоа што забележував дека кога вежбам повеќе качувам тежина. Сега во моите 30-ти години слегов од вагата – сега се мерам само преку тоа како ми стои облеката“ – објаснила таа.

Фитнесот на Никол

Цврстото тело на Никол не се должи само на балансиран и умерен начин на исхрана, туку и на напорна физичка активност. За да го обликува секој дел од своето тело, згодната пејачка редовно практикува танцување, кардио вежби како трчање на лента и фитнес вежби со отпор за зацврстување на мускулите.

Танцувањето е одличен забавен начин за топење на килограмите и Никол редовно го користи. „Танцување. Кога се подготвувам за турнеја или снимање на спот, целосно се посветувам на работата и тие дополнителни 5 килограми веднаш се топат. Исто така, имам програма со вежби со отпор која прави чуда за моите раце и стомак“ – вели таа.

Никол вежба четири пати неделно и во секој нејзин тренинг се вклучени кардо вежби и вежби со отпор.

Вежбите на Никол за цврсти раце и стомак

Тренерот на Никол, Адам Ернстер, има подготвено програма со вежби за обликување и зацврстување на стомачни мускули, рамена, раце и грб, кои се прават за 10 минути.

Вежба на Никол ШерцингерСо двете раце држете медицинска топка тешка 2-4 килограми (ако немате ваква топка, користете тег). Раширете ги нозете малку пошироко од колковите, свиткајте ги малку во колената и поставете ја топката пред колковите. Ротирајте ги рамената налево и однесете ја топката понастрана од левиот колк (позиција А).

Свртете го горниот дел од телото и подигнете ја топката десно над главата (позиција B). Вратете се во првобитната положба и направете 12-15 повторувања, а потоа започнете да ја правите вежбата и на обратната страна.
Вежба на Никол ШерцингерЗастанете во положба како за склекови, а дланките потпрете ги на две мали крпи. Притиснете со левата дланка кон подот и бавно излизгајте ја нанапред (како на сликата). Вратете ја дланката во почетната позиција, а потоа истото движење направете го со десната рака за да ја довршите вежбата. Направете вкупно 10 повторувања.

Ако ви е многу тешко, можете на почетокот да се потпирате со колената на подот.
Вежба за зацврстување на рацетеЛегнете на подот и држејќи ги нозете исправени подигнете ги кон таванот. Рацете држете ги покрај телото (позиција А). Бавно спуштете ги нозете на подот за да ја довршите вежбата. Направете 10 повторувања.

Потоа, поставете ги дланките зад главата и свиткајте ги колената под агол од 90°. Придвижете ги колената кон градите (позиција Б), а потоа спуштете ги во почетната положба. Направете 10 повторувања.

Легнете на грб, поставете ги стапалата на подот и подигнете ги рацете нагоре над градите. Подигнете ги главата и рамената од подот (позиција C), а потоа спуштете ги. Направете 10 повторувања.
Вежба на Никол ШерцингерПрицврстете јаже за отпор за цврст неподвижен објект. Застанете насочени кон јажето и сосема малку раширете ги нозете, а колената малку свиткајте ги. Фатете по една рачка и држете ги на висина на рамената. Свиткајте ги лактите и придвижете ги дланките кон главата (како на сликата), а потоа вратете се во првобитната положба. Направете 12-15 повторувања. Вежба на Никол ШерцингерЗастанете свртени со грб кон јажето за отпор, така што стапалата да ви бидат на ширина на рамената. Фатете по една рачка, а лактите нека ви бидат свиткани и на висина на ушите. Наведнете се малку нанапред и испружете ги рацете (како на сликата). Потоа, повторно свиткајте ги лактите. Направете 12-15 повторувања.

Музичката листа на Никол за трчање на лента

Трчањето на лента е омилената кардо активност на Никол. Додека ги топи непосакуваните калории трчајќи, таа се забавува со музика. Топ 5 песни на нејзината музичка листа за вежбање се:

  • Run the World (Girls) – Бијонсе
  • Rolling in the Deep – Адел
  • Give Me Everything – Питбул
  • Dirty Diana – Мајкл Џексон
  • Everyday People – Slyand the Family Stone

Едно нешто што ме инспирира да се вратам на лената за трчање е мојата музика

Никол Шерцингер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.