Според врвните фризери и стилисти, незанемарлив тренд е совршено несредената фризура, па за празничните прослави не треба да изгледате како да сте излегле од фризерско студио, туку скоро задолжително е вашата коса да изгледа полежерно и поприродно.
Трендовите на црвените килими низ Холивуд го велат истото – не го стилизирајте секое влакно, дајте ѝ малку слобода на вашата коса.
Дозволете ѝ на вашата женственост да дојде до израз со тоа што ќе си направите едноставна, но романтична фризура со нежни локни и минимален волумен во корените.
Комбинирајте ги актуелните плетенки со елегантниот волумен создаден преку лесно тапирање на косата. Оваа фризура можете да ја носите и со свечен фустан, но и со едноставна лежерна комбинација со панталони или фармерки.
Експресно брзо и лесно креирајте ретро бранови во вашата коса за да го надополните вашиот изглед со сексапил.
Средната должина на косата како епидемија се распространи со стиловите на холивудските ѕвезди. Долгиот „боб“ стана тренд кој најверојатно ќе продолжи да владее и во наредната година. Најлесниот и најмодерниот начин да стилизирате коса со средна должина е да ја извиткате на мали „меки“ бранови.
Брановиден боб
Немате многу време, а сакате малку невообичаена фризура? Купете си венче со ластик и без многу труд можете да се здобиете со несекојдневен изглед. Еве како:
Ако имате добро оформена кратка фризура, тогаш изборот на празнична фризура ви е најлесен. Обликувајте ја косата како и секој ден, но додајте модни додатоци кои ќе го потенцираат свечениот изглед.
Еден од најприфатените трендови е користењето на шноли со циркони или шноли кои потсетуваат на убав брош. Ставете еден мал украс во вашата коса и инстантно ќе креирате посвечен изглед.
Втората празнична варијанта е венче за коса. Без оглед на должината на косата, овој моден додаток може да се вклопи во секоја фризура за секоја прилика.
Кратката фризура на Ема Вотсон е највлијателната фризура за 2011 година, па ако имате кратка коса, не ви е потребно многу за да бидете во тренд.
Соберете ја косата во висока пунџа за да ги истакнете цртите на лицето. Ако сакате поелегантен изглед, замазнете ја косата како што тоа го направил стилистот на Ким Кардашијан, но ако сакате понебрежен изглед, црпете инспирација од Гвен Стефани.
Висока пунџа
Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (22)
посебно првата и втората :)
:D :D :D
таа 2та најубава а најлесна за правење!!
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.