Повторно момче: Лионел Меси со слатка фотографија со бебенцето објави дека доби трет син
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Повторно момче: Лионел Меси со слатка фотографија со бебенцето објави дека доби трет син

Повторно момче: Лионел Меси со слатка фотографија со бебенцето објави дека доби трет син

Лионел Меси и Антонела Рокуцо се среќни родители. Славниот пар му посака добредојде на овој свет на своето трето дете.

30-годишниот фудбалер и неговата сопруга добија уште едно синче кое ќе се вика Чиро. Убавата вест ја соопшти Меси со фотографија на која бебенцето со малото раче го држи за прстот.

„Добредојде Чиро. Му благодарам на Бог што сè помина во најдобар ред. Мама и бебето се добри. Пресреќни сме!!!“ – напиша тој.

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Меси и Антоанела стапија во брак во јули минатата година. Тие се познавале од мали нозе, бидејќи Антоанела е братучетка на најдобриот другар на Лионел од детството, а официјално објавија дека се во врска во јануари 2009 година.

Свадбата на Лионел Меси и Антонела Рокуцо

Меси и Рокуцо се родители и на Тијаго (роден во ноември 2012 година) и Матео (роден септември 2015).

Меси со семејството Свадбата на Лионел Меси и Антонела Рокуцо

Веста за третата бременост парот ја сподели со слатка фотографија на која сите го галат трудничкото стомаче на Антоанела.

Меси со семејството

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8838 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.