Мистичниот свет на соништата отсекогаш го будел нашето љубопитство. Соновите се извор на возбудливи доживувања какви што не може да ни пружи фантазирањето со отворени очи и сосема нормално е човек да сака да го проучува тој таинствен аспект од својот живот.
Светот на соништата раѓа многу прашања, а преку следниве факти ќе пронајдете одговори на дел од нив:
Буквално сите сонуваат, дури и бебињата, но некои луѓе повеќе ги помнат своите сонови, а други редовно ги забораваат.
И животните сонуваат.
Просечниот човек сонува во текот на 20-25% од времето во кое спие. За време на еден просечен животен век, еден човек поминува дури 6 години сонувајќи.
Повеќето луѓе сонуваат од четири до седум различни сонови секоја ноќ, но не ги помнат повеќето од нив. Најмалку 95% од соновите се заборавени. Соновите кои ги помниме најчесто се оние кои сме ги сонувале последни пред да се разбудиме.
Се вели дека 5 минути по будењето забораваме 50% од содржината на сонот, а 10 минути по будењето забораваме дури 90% од она што сме го сонувале.
Вам може да ви се чини дека цела ноќ сте сонувале еден сон, но веројатно сонот траел само десетина минути.
До 13-годишна возраст момчињата и девојчињата подеднакво сонуваат кошмари. По 13-тата година од животот, кошмарите стануваат почести кај жените отколку кај мажите.
Мирисот во спалната соба влијае на вашите соништа. Истражувањата покажале дека вдишувањето на пријатна арома (мирис на роза) во текот на спиењето, резултира со попозитивни и послатки соништа, додека вдишувањето на одбивна миризба (мирис на расипано јајце) предизвикува повеќе негативни соништа.
Додека се бремени, жените сонуваат повеќе отколку во кој било друг период од животот. Но, не само што сонуваат повеќе, туку и повеќе ги помнат своите соништа. Експертите тврдат дека ова се случува поради промената во нивоата на хормоните. Покрај тоа, бремените жени имаат потреба да спијат повеќе, па логично е и повеќе да сонуваат.
Иако многумина би рекле поинаку, сепак истражувањата покажуваат дека мажите и жените подеднакво често имаат сонови со сексуална тематика. Според едно истражување, 8% од соновите на возрасните лица вклучуваат секс.
Сепак, содржината на сексуалните сонови на мажите и жените е различна. На пример, сегашните или поранешните партнери присуствуваат во 20% од соновите на жените, а во 16% од соновите на мажите. Жените двојно почесто од мажите имаат сексуални соништа за славни личности, а мажите двојно почесто од жените сонуваат за сексуални односи со повеќе од една партнерка одеднаш.
Влажните соништа се честа појава кај тинејџерите. Оргазмот најчесто се случува додека тинејџерот сонува секс, но може и да не го помни сонот. Ејакулацијата кај тинејџерите може да се случи без мастурбација, т.е. тој не мора ниту да го допре пенисот за да доживее оргазам. Влажен сон може да се појави за време, но и по завршувањето на пубертетот.
Иако жените не ејакулираат, можат да доживеат оргазам во сонот. Жените поретко имаат влажни соништа и често се разбудуваат во моментите пред доживувањето на оргазмот.
Иако не сонуваат слики, луѓето кои се родиле слепи имаат соништа кои се базираат на другите нивни сетила, т.е. соништа исполнети со звуци, мириси и допири.
Исто и кај луѓето кои ослепеле во раното детство е голема веројатноста да немаат визуелни соништа. Лицата кои ослепеле подоцна во својот живот, сонуваат визуелно.
Само 12% од луѓето имаат целосно црно-бели соништа. Интересно е што помладите скоро никогаш не сонуваат црно-бело за разлика од повозрасните, а истражувачите велат дека причината за тоа е модернизирањето на телевизиските екрани, т.е. луѓето кои во детството имале црно-бел телевизор почесто имаат монохромни соништа.
Повеќето луѓе нема да ги изненади фактот дека во соновите доживуваме повеќе негативни отколку позитивни емоции. Најчеста емоција е вознемиреноста, која се појавува скоро во сите чести сонови, како бегање од некого, паѓање, појавување во јавност во несоодветна облека или без облека, тестирање или полагање на испит и сл.
Други чести емоции се страв, радост и среќа.
Доколку сакате да се позабавувате толкувајќи ги вашите соништа, посетете го нашиот соновник.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (23)
Цел живот сонувам во боја и ретко сум вознемирена во сон, најчесто се чувствувам пријатно, ни радосно ни тажно, многу ретко сонувам кошмари имало такви периоди но кратко траеле. :)
prettylilprincess15:27, 20 февруари 2012г. #
Повеќето сонови траат 5 до 20 минути..ова мислам дека не е точно...на многу места имам прочитано дека соновите траат од 3 до 10 секунди максимум..ама сеуште не е утврдено.. :)
silk16:14, 20 февруари 2012г. #
Да, и јас имам читано дека соновите траат многу кратко, по неколку секунди. Е сега нас што ни се чини дека сме сонувале 2 саати, тоа е друга работа. А ова со 20 минути,првпат слушам...
nema sansi ova ne e tocno sigurno e do 20 min moze i malce pomalku a inaku mnogu gi pomtam iste od mala nekoi kosmari
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.