Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 10 совети кои ќе ви помогнат да спиете подобро уште вечерва

10 совети кои ќе ви помогнат да спиете подобро уште вечерва

Секој од нас има почувствувано кои се последиците од недоволно сон – раздразливост, лошо расположение, деконцентрираност, измореност...

Жена што спиеЗа добар сон, пијте млеко и јадете цреши пред спиење

Сигурно и вам ви се случило да лежите долго време и да не можете да заспиете иако сте уморни. Постојат многу работи кои можат да се исправат помеѓу вас и добриот сон, но постојат и многу начини на коишто можете да ги отстраните пречките и спокојно да потонете во светот на соништата. Еве некои од нив:

  • Јадете цреши пред спиење. По вечерата, како десерт каснете една шака цреши. Истражувањата покажаа дека црешите содржат големо количество мелатонин – хормонот кој го регулира циклусот на заспивање и будење.
  • Насладете се со млеко и колачиња. Млекото е добро да се пие пред спиење, затоа што содржи триптофан, амино киселина којашто ќе направи да се чувствувате поспани. Консумирањето на колачиња со млеко ќе ви помогне да внесете едновремено и јаглехидрати и триптофан. Идеална комбинација за добар сон (само не претерувајте со колачињата).
  • Разладете ја спалната. Пред да легнувате, намалете на температурата во спалната. Ниската температура му кажува на телото дека е време за спиење.
  • Заспијте со мирис на лаванда. Се смета дека лавандата е природен лек против несоница. Попрскајте едно марамче со неколку капки масло од лаванда и ставете го под перница. Мирисот на лаванда ќе ве опушти и ќе ви помогне лесно да потонете во длабок сон.
  • Опуштете се со камилица. Долги години камилицата се смета за еден од најдобрите начини за смирување на нервите. Чајот од камилица освен што ќе направи да подзаборавите на грижите, ќе ви помогне и побрзо да ги затворите очите и да потоните во длабок сон. За да го почувствувате ефектот на камилицата, напијте се една до две чаши чај од камилица пред да легнувате.
  • Пазете се од скриените крадци на сон. Сите знаеме дека кафето е непријател на добриот сон, затоа што содржи кофеин. Па, многу луѓе го избегнуваат во попладневните и вечерните часови. Но, освен кафето, потребно е да се избегнуваат и чоколадото, газираните пијалоци и зелениот чај, затоа што и тие кријат со себе кофеин.
  • Ослободете се од грижите на лист хартија. Секоја вечер, неколку часа пред спиење, земете лист хартија и запишете ги сите проблеми што ве мачат и сите нешта што треба да ги направите. Потоа до секој од проблемите напишете неколку едноставни начини на коишто можете да го решите, а до секоја обврска –план за нејзино исполнување. Оставете го листот подалеку од вас. Кога ќе легнете, ако започнете да мислите на проблемите и обврските, едноставно кажете си „веќе имам план и ќе започнам да го остварувам од утре“. Тоа ќе ве смири.
  • Не гледајте вести или хорор филм. Пропуштете ги вечерните вести. И онака нема да слушнете ништо добро. Лошите вести ќе ве вознемират, па тешко ќе можете да заспиете во наредниот час. Децата не се единствените што се плашат од „чудовишта“. Отстранете ги од вашиот вечерен репертоар за да можете безгрижно да заспиете во темнината.
  • Вежбајте редовно. Вежбањето го подобрува вашето здравје и вашиот изглед на многу различни начини, а еден од нив е и тоа што помага подобро и послатко да спиете. Не мора да се истоштувате за да заспиете побрзо. Доволни се 20 минути физичка активност (трчање, возење велосипед и сл.) за да спиете како бебенце.
  • Имајте секс. Сексот го стимулира создавањето на ендорфини во телото. Наместо да се обидувате со часови да заспиете, имајте брз секс. Ендорфините ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и ќе бидете порелаксирани. Докажано е луѓето кои се редовно интимни со своите партнери имаат пониско ниво на стрес и поретко страдаат од депресија. Или пак наместо секс, подарете си со партнерот еден на друг релаксирачка масажа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.