Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Во Холивуд сите се со помлади мажи и тоа е светски тренд“: Каролина Гочева за разликата во возраста со сопругот Михаил

„Во Холивуд сите се со помлади мажи и тоа е светски тренд“: Каролина Гочева за разликата во возраста со сопругот Михаил

Каролина Гочева беше гостинка во најновата емисија „Spika & Prilika“ на К1 телевизија.

Во интервјуто со водителот Бошко Јаковљевиќ, 45-годишната музичка ѕвезда зборуваше за бракот со Михаил Корубин, за својата нова песна „Мог живота дио“, како и за другарството со Тоше Проески.

„Во стабилен брак сум веќе 8 години, речиси 10 години сум со својот сопруг. Едноставно, никогаш не сакав да се омажам само заради тоа што ете дојде време, треба тоа да се случи. Ништо не треба, сечиј живот е различен. Ништо не треба, треба само да бидеш среќен.“

„Кога ја поминав 30-тата година, сфатив дека дотогаш навистина немав почувствувано порив да бидам во брак, а секогаш бев во долги врски. Себеси си ветив дека нема да го направам тоа само ради реда, само за луѓето да престанат да ме прашуваат. Ако почувствувам и ако дојде време, дека ќе се омажам“ – изјави талентираната македонска пејачка.

Каролина Гочева

Кога беше споменат моментот дека е шест години повозрасна од Михаил, Каролина шеговито изјави: „Во Холивуд сите се со помлади мажи и тоа е светски тренд. Секогаш сакам да ги следам светските трендови“.

„Се спојуваш со некоја личност, особено кога сте возрасни личности, ние и двајцата бевме во нашите 30-ти години кога се запознавме, така што никогаш не почувствував дека меѓу нас има каква било разлика во годините. Од првиот ден некако се споивме и до ден-денес можам да кажам дека не ја чувствувам разликата и многу ми е драго што во 30-тите години ја донесов одлуката да не ме фаќа паника и дека ќе влезам во брак тогаш кога ќе осетам дека навистина сакам да го поминам остатокот од животот со некоја личност“ – објасни Каролина.

Каролина Гочева Каролина Гочева

Македонската пејачка се наврати и на времето кога беше во многу блиски односи со Тоше Проески.

„Го запознав на некој фестивал, можеби 1998 година. Потоа, тој веќе беше во Авалон, со коишто јас сè уште соработувам, јас се приклучив нешто подоцна. И тогаш имавме толку заеднички патувања, настапи, секаде бевме некако во комплет. Ја имавме оваа песна „Немир“ и тоа баш нè спои. Гостувавме на концерти, бевме заедно на ‘Сунчане скале’, имавме некоја турнеја во Австралија во тоа време.“

„И многу се дружевме. Се сеќавам дека приватно секој ден нешто си споделувавме. Многу бевме блиски во тоа време. Бевме многу блиски другари, нешто како брат и сестра. Медиумите се обидуваа да го прикажат тоа поинаку, но тоа е веројатно нормално“ – сподели Каролина.

Каролина Гочева

На крајот од емисијата, таа ја испеа „Тајно моја“ од нашиот покоен славеј.

Видео од целата емисија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26277 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.