Тамара Тодевска зачекори во петтата деценија од својот живот, но и понатаму живее со полна пареа и зрачи со ведар дух.
Македонската пејачка го прослави својот 40-ти роденден и доби бакнежи и прегратки од најсаканите. За време на нејзиниот денски настап со поглед на Езерото Козјак, Тамара доби изненадување од двете деца, партнерот Лука Радовиќ, семејството, пријателите и фановите.
Нејзината ќеркичка Хана го зеде микрофонот и ѝ запеа „Happy Birthday“, а потоа со помалото братче Дарен излегоа на сцената и ѝ подарија на Тамара силни прегратки.
Во публиката беше и Лука, кој ѝ честиташе со голем букет цвеќе, прегратка и љубовен бакнеж.










„40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и секако... со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот. За уште многу години“ - напиша Тамара во описот на видео од настанот.
Лука објави и неколку заеднички фотографии за да ѝ го честита роденденот на Тамара и на социјалните мрежи.






