Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Уметноста наречена компромис

Уметноста наречена компромис

Животот не е совршен. Секојдневно пред нас се појавуваат проблеми, кои треба да ги решиме. Љубовта не е совршена. Постојано се раѓаат конфликти, кои треба да ги разрешиме. Исто како и во политиката, и во врската, најефективно решение за создадените, навидум нерешливи конфликти е компромисот.

Млад пар во кревет
Секоја врска се гради врз доверба и комуникација и кога ја нема основата, нема да помине долго време пред врската да се сруши.

Компромисот како предизвик

Проблем се појавува кога партнерите гледаат на конфликтот како на ситуација од која или се губи или се добива. Оваа позиција уште повеќе го отежнува процесот на постигнување на компромис.

Луѓето секогаш сакаат да бидат во право, но ако го гледате партнерот како конкуренција или како непријател, никогаш не можете ефективно да достигнете до компромис. Често во таква ситуација, едниот партнер ја добива битката и проблемот навидум се решава по негово. Но, тоа решение е само краткотрајно.

Компромисот треба да биде дел од секојдневието на сите парови. На него не треба да се гледа како на нешто во кое може да се победи, затоа што компромисот значи „давање“ за доброто на врската.

Силата на компромисот

Силата на компромисот е во тоа што и двата партнери се задоволни од резултатите. Еве неколку совети како да го постигнете тоа и да ја совладате уметноста наречена компромис.

Достигнете до основата на проблемот. Пред да направите било што, треба да знаете што е тоа што го предизвикува проблемот. Со почетокот на тоа истражување, ќе ја започнете комуникацијата со партнерот.

Комуницирајте. Доколку не комуницирате со вашиот партнер за да му кажете како се чувствувате, воопшто не си правите услуга. Секоја врска се гради врз доверба и комуникација и кога ја нема основата, нема да помине долго време пред врската да се сруши.

Останете смирени. Никогаш не му приоѓајте на дискусијата со инает и арогантност. Не го повишувајте гласот и не внесувајте повеќе напрегнатост, отколку што е потребно. Ако останете смирени, можете трезвено да размислите што кажувате и да го избегнете кажувањето на нешта, за кои подоцна ќе жалите.

Слушајте. Не дозволувајте да го преземете разговорот и да го посочувате само вашето мислење. Застанете за момент и помислете. Како би ви било вам, ако вашиот партнер го преземе разговорот и вие да не успеете да се искажете? Не заборавајте дека ако го ислушате него, можеби ќе си ја промените позицијата која толку жестоко сте ја заштитувале.

Не се обвинувајте еден со друг. Тоа што не се согласувате со вашиот партнер, не значи дека сте во право. Не се обвинувајте еден со друг за тоа кој е во право, а кој не. Гледајте на работите објективно.

Направете компромис. За да се дојде до компромис, потребна е согласноста на двата. И двата треба да сакате да соработувате еден со друг. Најдете решение со кое ќе бидете и двата задоволни, затоа што само тогаш компромисот ќе биде ефективен.

Компромисот е механизам за зацврстување на врската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10980 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.