Почетна » Убавина и мода » Мода » Париската недела на модата – колекции пролет/лето 2014

Париската недела на модата – колекции пролет/лето 2014

Париз беше домаќин на финалето на модниот месец кој ги обиколи најзначајните светски центри на модата. Најголема вест од француската метропола е заминувањето на Марк Џејкобс од Луј Витон, 16 години по неговото назначување за креативен директор на познатата модна куќа.

Во градот на светлината и љубовта беа презентирани колекциите пролет/лето 2014 на некои од највлијателните модни брендови, како Шанел, Диор, Валентино и Луј Витон.

Кристијан Диор

Раф Симонс со новата колекција ја истражуваше идејата за вртење, искривување и превиткување на она што значи Диор мода со цел „прекрасната градина со рози да стане отровна“. Волшебна висечка градина ја разубавуваше ревијата на која доминираа тропски цветни принтови што понекогаш беа комбинирани со слогани, плисирани елементи, сакоа кои стојат во сржта на Диор и силуети кои суптилно намекнуваа на стилот од 50-тите години.

„Оваа сезона сакав да има чувство на одреден тип на жена, ново специјално племе, софистицирано и диво во исто време. Сакав да чувствувате како да не знаете од каде доаѓаат овие жени и каде одат, дека постојат во ново место на промената и можностите“ – изјавил Симонс. Кон крајот на ревијата пистата беше потопена од бран елегантни металик фустани и црни креации.

Dior Dior

Шанел

„Животот не е црвен тепих. Ова е за секојдневниот живот. Сакав боја и свежина“ – изјавил Карл Лагерфелд и надополнил дека сакал да поттикне среќа и добро расположение.

Неуморниот 80-годишен дизајнер претстави речиси 90 различни аутфити. Живи нијанси на сина и розова, како и црна и бела боја, „играа“ на креации со нова и помодерна верзија на класичната Шанел силуета. Оптимистичката ревија заврши со колоритни креации во кои се судираа боите на виножитото.

Chanel Chanel

Луј Витон

Марк Џејкобс ја прикажа последната колекција за Луј Витон и ги потврди гласините дека ја напушта модната куќа за да се фокусира на сопствениот бренд. Мрачната атмосфера на ревијата не беше инспирирана од тага – Џејкобс им ја посвети ревијата на многуте жени кои влијаеле врз неговата креативност во текот на годините – Коко Шанел, Џејн Биркин, Кејт Мос, Шер, Џуди Гарланд, Лајза Минели... Големата сцена на гостите им ги врати спомените од најголемите модни шоуа на Џејкобс, бидејќи вклучуваше делови од неговите претходни ревии – вртелешка, часовник на железничка станица, лифт, фонтана, ескалатор и хотелски ходник. Додека креациите кои потсетуваа на костимите на егзотични танчарки ги хипнотизираа погледите на публиката, големиот часовник се враќаше наназад.

„Првото нешто што си го помислив беше Естер Вилијамс и синхронизирано пливање. Но, потоа решив дека сакам да направам нешто за црното, блескавото црно, и за текстурата и ноќта“ – изјавил Џејкобс.

Louis Vuitton Louis Vuitton

Валентино

Креаторското дуо составено од Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли претстави етничка, романтична и егзотична колекција, инспирирана од нивната посета на римската опера.

Боемска екстраваганција, фолклорски мотиви, златен накит, ниски гладијаторски сандали, чанти со реси кои насочуваат кон вестерн стил и „антички“ венчиња ја зголемуваа динамиката во колекцијата. „Тоа е модна опера“ – коментирало славното дуо.

Valentino Valentino

Ели Сааб

Ели Сааб ја нарече ревијата „Чипкаста градина“. Либанскиот дизајнер претстави колекција инспирирана од природата или поточно од цветните градини, за што сведочеа цветните апликации и разиграниот цветен принт.

Елеганцијата, која е вкоренета во темелите на модниот бренд, беше зачинета со младешки дух. Миленикот на холивудските ѕвезди и модерните членови на кралските семејства низ светот не беше фокусиран само на долги тоалети достојни за оскаровскиот црвен тепих, па понуди и елегантни панталони и кратки сексапилни фустани.

Elie Saab Elie Saab

Сен Лоран

Еди Слиман повторно заигра со рокенрол девојките. Кратките фустани ја вратија публиката во диско ерата од 80-тите години и ширеа младешки и забавен дух. Од друга страна беа и различните верзии на оделата кои се значајно парче од архивите на Ив Сен Лоран.

Saint Laurent Saint Laurent

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.