Почетна » Убавина и мода » Мода » Париската недела на високата мода – пролет/лето 2012

Париската недела на високата мода – пролет/лето 2012

Во период од три дена Париз го виде најдоброто и најекстравагантното од највидните дизајнери во светот. Во рамките на Париската недела на високата мода, на модните писти продефилираа манекенки со креации кои чинат десетици илјади евра. По стивнувањето на аплаузите, погледнете кои колекции оставија најсилен впечаток:

Версаче

Донатела Версаче призна дека ѝ недостигаше високата мода и со цел да му го даде на светот потребниот гламур, по осумгодишна пауза ја презентираше својата прва couture колекција.

На златните скали пред публиката блеснаа златни и сребрени тоалети извезени со ситни детали кои наликуваа на кристали од шеќер, додека на струкот на манекенките светнаа полумесечини од златен алуминиум. Познатата дизајнерка ја разби монотонијата на златните и сребрени нијанси со креации во боја на портокал, лимон и лимета.

Версаче Версаче

Џамбатиста Вали

Италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали ја прикажа својата втора couture колекција. Дамска софистицираност преовладуваше во креациите коишто претставуваа игрив спој на форми, бои и текстури.

Без да ги пречекори границите на добриот вкус, Вали искористи безброј цветни детали и дезени и многу чипка за да создаде креативни фустани и сукњи во кои можеше да се насети магична леснотија.

Џамбатиста Вали Џамбатиста Вали

Диор

Со носталгично влијание од стилот од 50-тите и навраќање на корените на француската модна куќа, Бил Гајтен создаде елегантна колекција која го покажа мајсторството и величественоста на Диор.

Сукњите со А-линија и сукњите тип молив ја акцентираа женственоста на колекцијата, а слоевитото редење на проѕирни лесни ткаенини ги потенцира екстравагантноста и грацизоноста кои секогаш се присутни во креациите на Диор.

Диор Диор

Шанел

Карл Лагерфелд како и секогаш ги изненади присутните со уникатна атмосфера. Дизајнерот со препознатлив изглед ги смести модните критичари во просторија која симулираше футуристички авион.

Најголем дел од колекцијата беше обоен во сино, или поточно во 154 различни нијанси на сината боја. „Здодевен ми е црвениот тепих, па зошто не син тепих?“ – рекол Лагерфелд.

Шанел Шанел

Џорџо Армани

Исто како Лагерфелд, кој реши неговата колекција да биде обоена со една боја (сина), Армани одлучи да ја искористи магијата на зелената боја. Користејќи ја зелената боја во комбинација со змиски и крокодилски принтови и текстури, 77-годишниот италијански дизајнер создаде возбудливи креации кои беа надополнети со еклектички модни додатоци за коса.

Публиката на Армани како маѓепсана зјапаше во креациите кои сигурно набрзо ќе ги видиме на црвените теписи низ Холивуд.

Џорџо Армани Џорџо Армани

Стефан Ролан

Стефан Ролан претстави софистицирани, но не и комплицирани дизајни, давајќи им простор на префинетите материјали да дојдат до израз. Самиот тој објасни дека не сака многу да ги украсува креациите бидејќи неговите клиенти поседуваат најфин накит кој треба да дојде до израз. Но, и покрај тоа, Стефан во новата колекција користи златни детали

„Продолжуваат да ме влечат чистотата и едноставноста“ – изјавил Ролан и дополнил дека се раководи од мотото „помалку е повеќе“.

Последната креација на Стефан крена најмногу врева. Јасмин Ле Бон прошета во црвена тоалета која тежеше неверојатни 50 килограми.

Стефан Ролан Стефан Ролан

Ели Сааб

Нежноста, деликатноста и елеганцијата на дизајнерските творби на Ели Сааб не познаваат граници. Манекенките изгледаа како да се излезени од самовилска бајка облечени во романтични креации.

Пастелните тонови ја обоија рафинираната колекција која лесно може да ѝ се протне под кожа на секоја жена. Нема да погрешите ако кажете дека ова е колекција создадена за да ги преплави црвените теписи.

Ели Сааб Ели Сааб

Жан Пол Готје

Жан Пол Готје претстави колекција инспирирана од починатата пејачка Ејми Вајнхаус. Манекенките дефилираа на музиката на Ејми, а нивната коса и шминка го портретираа незаборавниот стил на прерано починатата ѕвезда. Меѓу женските манекенки беше и Андреј Пејиќ, кој ја продолжува соработката со Готје.

Облеката пак, го илустрираше дизајнерскиот стил на Готје – секси корсети, нестандардни отсечоци, забавни кроеви и провокативност.

Жан Пол Готје Жан Пол Готје

Валентино

Убавиците на Валентино облечени во нежни везени и свилени креации го означија крајот на Париската недела на високата мода. Дизајнерското дуо сочинето од Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли ја опиша колекцијата како интимна, срамежлива, девствена.

На модната презентација беше откриено и дека во фустанот кој го отвори шоуто биле вложени 1.000 часа работа, што е добар показател зошто креациите од високата мода се толку специјални и зошто доаѓаат со висока цена.

Валентино Валентино

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.