Почетна » Убавина и мода » Мода » Најдобрите невестински фустани – есен 2013

Најдобрите невестински фустани – есен 2013

Три дена Њујорк беше домаќин на најбелите ревии на светот. Најпрефинетите дизајнери на невестински фустани создадоа непресушен извор на инспирација за девојките кои со радост ја планираат својата свадба.

Невестинската модна „недела“ ги обелодени венчаниците за сезоната есен 2013. Модните писти беа преплавени со деликатна чипка, слоевито реден тул, софистицирана свила и многу, многу цвеќиња.

Воопшто не е зачудувачки што доминираше снежната боја, но преферирањето на белата боја беше неочекувано од Вера Ванг, која во изминативе две сезони претстави црвени и борди и црни и бежови драматични венчаници.

Vera Wang

На огромна радост на идните невести, кралицата на невестинските фустани не ги заборави белата боја и нежната боја на слонова коска. Драматичните фустани создадоа интригантна колекција која Вера Ванг ја опиша како проучување на женственоста и романтиката, кое ги прославува невестинските фустани кои се нов приод кон класицизмот и декорирањето.

Vera Wang Vera Wang

Monique Lhuillier

Ревијата на Моник Лулие потсетуваше на свадба од бајките. Низ волшебна шума манекенките дефилираа со романтични венчаници кои се вистинско олицетворение на женските соништа.

Monique Lhuillier Monique Lhuillier

Carolina Herrera

Софистициран гламур преточен во фустани со силуета на сирена и асиметрични фустани со едно рамо беше претставен од страна на Каролина Ерера.

Carolina Herrera Carolina Herrera

Oscar de la Renta

Оскар де ла Рента презентира мала колекција традиционални венчаници кои речиси и да немаа карактеристични детали. Префинетата изработка на текстурата ја истакна елеганцијата и нежноста на креациите.

Oscar de la Renta Oscar de la Renta

Claire Pettibone

Клер Петибон понуди романтична колекција со модели кои го повикаа на сцена винтиџ стилот. Пастелни декорации и елементи инспирирани од долната облека ги красеа елегантните креации.

Claire Pettibone Claire Pettibone

Marchesa

Шпанскиот дух и нескротливата темпераментност можеа да се насетат во креациите на Керен Крег и Џорџина Чепман, кои си поиграа со должината, силуетата, но и декорациите на венчаниците за да склопат богата колекција.

Marchesa Marchesa

Dennis Basso за Kleinfeld

Дизајнерот Денис Басо претстави волуменозни фустани со храбри набори, впечатливи детали и цветни апликации.

Dennis Basso Dennis Basso

Alfred Angelo

Брендот Alfred Angelo ги однесе присутните во светот на бајките, каде доминираат раскошните фустани со А-линија во стилот на принцезите.

Alfred Angelo Alfred Angelo

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.