Почетна » Убавина и мода » Мода » Миланската и Лондонската недела на модата – колекции пролет/лето 2016

Миланската и Лондонската недела на модата – колекции пролет/лето 2016

Модната треска брзо се проширува низ Европа. Лондон една недела ја угостуваше големата тајфа дизајнери, стилисти, новинари, блогери и трендсетери, а потоа привремената титула „центар на модата“ ја презеде Милано.

За време на модните недели во британската и италијанската метропола беа прикажани колекциите пролет/лето 2016 на големи модни куќи и беа поставени основите на трендовите за следната година.

Џорџо Армани

Грациозна ноншалантност ја заведуваше публиката на ревијата на Армани. Реномираниот дизајнер не следи трендови, тој непрекинато им дава на своите клиентки луксузна облека со безвременска елеганција.

Палетата на 81-годишниот креатор се состоеше од црвена, сина, бела и сива боја, а доминираа кратки и долги широки панталони со складни сакоа.

Џорџо Армани
Џорџо Армани Џорџо Армани

Долче и Габана

Таблата за инспирација на Стефано Габана и Доменико Долче вклучувала винтиџ постери за промоција на туристички атракции од Рим, Венеција, Капри и Фиренца, фотографии од филмови на италијански ѕвезди и слики од рачно изработени сувенири. Повеќе од јасно е дека шармантната Италија е неисцрпен извор на инспирација за најпознатото модно дуо кои побара од манекенките прво да дефилираат, а потоа да застанат на пистата за да направат селфи фотографија.

„Италија е љубов“, „Ја сакам Италија“, „Италија засекогаш“, „Рим“, „Портофино“, „Пиза“ – тоа се само дел од натписите на позитивните креации низ кои царуваше оптимизам и ведрина. „Повеќе не веруваме во мода за трендови. Сакаме да покажеме емоција. Само уживајте!“ – рекол Габана.

Долче и Габана
Долче и Габана Долче и Габана
Долче и Габана

Версаче

Армијата на Донатела Версаче смело маршираше на пистата. Војничка моќ и невоздржан сексапил се преплетуваа низ она што Версаче го нарече „урбана џунгла“.

„Таа е бестрашна. Таа е борец. Таа не е кревка“ – изјави 60-годишната креаторка, опишувајќи ја новата Версаче жена.

Версаче
Версаче Версаче

Гучи

Романтиката и ексцентричноста пронајдоа место во новата колекција на Гучи, која крена голема врева. Главниот мотив на дизајнерот Алесандро Микеле беше „Map of Tendre“, француска мапа на замислена земја.

Ротирајќи околу својот концепт за „гик, шик естетика“, Микеле стана новиот миленик на Миланската недела на модата.

Гучи
Гучи Гучи

Етро

Леснотија, поетска драматичност и боемски сензибилитет ја одбележаа ревијата на Етро. Комбинацијата од макси силуети, динамични принтови, женствени набори, „пижама“ лежерност и деликатни материјали се покажа како полн погодок.

„На крајот, морам да признам дека ова не е слатка колекција. Јас не сум слатка личност. Не сакам премногу девојчински нешта“ – признала Вероника Етро.

Етро Етро

Барбери

Првите редови на ревијата на Барбери редовно се исполнети со славни лица кои не штедат комплименти за талентот на Кристофер Бејли. Оркестар од 32 музичари свиреше додека Алисон Моје пееше пред многуте гости на модното шоу на британскиот бренд.

Бејли откри дека колекцијата е „мешавина од нештата кои тој ги сака“ и дека целел „да си игра со фузијата на многу реални и релаксирани парчиња со нешто многу поформално и декоративно“.

Барбери
Барбери Барбери

Џулиен Мекдоналд

Патување на Бали ја постави основата на палетата на новата колекција на Мекдоналд. Богатите текстури постигнати преку плетки „пајажина“, блескави декорации и прецизни везови хипнотизираа погледи.

Еднакви дози на драма и сексапил ќе ги привлекуваат припадничките на понежниот пол кои не се срамат да ја акцентираат својата фигура.

Џулиен Мекдоналд Џулиен Мекдоналд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.